Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Акција за заштита на реката Осојница од отпадни води
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Фото) Акција за заштита на реката Осојница од отпадни води
Агровести

(Фото) Акција за заштита на реката Осојница од отпадни води

Објавено 17/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека реката Осојница во Виница се загадува од отпадните води од четири свињарски фарми.

-Надзорот се изврши со овластен инспектор од општината, поради локалната надлежност за инспектирање на три од четирите фарми, информираат од ДИЖС.

May be an image of body of water and nature

Инспекторатот утврдил дека фармата која поседува А интегрирана дозвола не ги одржува лагуните и не врши мониторинг на подземните води и ја задолжил во законски утврдениот рок да ја изведе прописно активната лагуна и да склучи договор за редовно чистење на талогот од поѓубрувањето.

-Исто така, фармата е задолжена да врши мониторинг на подземните води, согласно обврските кои произлегуваат од дозволата, велат од ДИЖС.

May be an image of outdoors

Оттаму соопштуваат дека овластените инспектори од општина Виница досега немале сознанија дека покрај реката има фарми кои треба да се контролираат од нивна страна.

-Тие дополнително ќе постапуваат за собирање информации од правните лица за капацитетот на фармите, од што ќе зависи дали тие ќе добијат задолжение да поднесат барање за издавање Б интегрирана дозвола или одобрување на елаборат за заштита на животната средина од страна на градоначалникот на општината, велат од Инспекторатот.

May be an image of outdoors

Доколку овластените општински инспектори не постапат според своите овластувања, Инспекторатот информира дека ќе преземе соодветни чекори.

May be an image of outdoors

Државен инспекторат за животна средина

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Осојницаотпадни води
Претходен напис Виртуелно студиско патување „Современи технологии при производство на вино и производство и полнење на други пијалаци”
Следен напис Во тек е изградба на колекторски систем во Општина Илинден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?