Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ предупредува – Високите температури закана за безбедноста на храната и за здравјето на животните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ предупредува – Високите температури закана за безбедноста на храната и за здравјето на животните
Агровести

АХВ предупредува – Високите температури закана за безбедноста на храната и за здравјето на животните

Објавено 22/06/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното покачување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните.

Во однос на храната, за да се спречи евентуално труење, треба да се направи правилен избор при набавката, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за нејзино чување.

АХВ ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

-Да не се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото, јајцата и други производи, по пазарењето да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства. Да не се купува разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Во фрижидерите храната да се чува на температура пониска од пет степени и тоа на најгорните полици зготвената храна, а на подолните суровата. Термичката обработка на храната да се врши на температура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат – препорачува АХВ.

Според Агенцијата, ако се јаде во угостителски објекти, треба да се внимава тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна да се избегнува користење додатоци кои не стојат во ладилник како: мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи.

-Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја – потенцира АХВ.

Во однос на животните, Агенцијата истакнува дека високите температури се стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

-Високиот процент влага и недоволната вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода – наведува АХВ.

Телесната температура треба да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да биде постепено. На животните треба да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.

-Фармерите да внимаваат на густината на населеност во објектите. Животните да не се изложуваат директно на сонце, особено во најтоплите периоди од денот и за нив да се обезбедат натстрешници, или природни ладовини. Животните да се пуштат на пасење во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот, или животните да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, напоменува АХВ.

Агенцијата порачува и сопствениците на домашни миленици животните да не ги оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и задолжително да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахв
Претходен напис Во Кривопаланечко се пријавиле 259 пчелари
Следен напис Неделава температури над 40 степени, ќе се активира портокалово и црвено ниво на опасност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?