Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ Правилник за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ Правилник за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси
Агровести

АХВ Правилник за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси

Последна измена: 16/06/2020 16:37
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Одредбите од овој правилник се применуваат на производството и ставањето во промет на: преработки од овошје, зеленчук и печурки, зачини и чаеви, жита и преработки од жита и пекарски производи, кондиторски производи, жестоки алкохолни пијалоци, пиво, вино и безалкохолни пијалоци.

Производството и ставањето во промет на производи од неживотинско потекло од страна на малите бизниси се врши како:

  1. директно снабдување до крајниот потрошувач на мали количества преработени производи од неживотинско потекло и
  2. производство на производи со традиционални карактеристики произведени со традиционални методи за производство.

Лицата кои работат во горенаведените производства потребно е да се со добра здравствена состојба, да имаат основни знаења за хигиена на храна и да водат евиденција на количествата на набавените и потрошените суровини и произведените производи.

Услови кои треба да ги исполнува објектот за производство

Во примарното производство и во објектот за производство и преработка на мали количества на производи за директно снабдување до крајниот потрошувач, за да се врши производство на производите од член 3 од овој правилник потребно е да се исполнат следните барања:

1) да е одвоен дел од станбениот простор и да не се користи за други цели на домаќинството;
2) активностите во станбениот дел и влијанијата од надворешната средина на домаќинството да не ги загрозуваат хигиенските услови и безбедноста на производите;
3) материјалите од кои се направени таваните и ѕидовите може да не се мазни, но треба да се водоотпорни, неапсорбирачки и нерѓосувачки;
4) подните површини треба да бидат од цврст материјал и лесни за чистење и дезинфекција;
5) различните подготвителни производни процеси како подготовка на основната суровина, подготовка на помошните суровини, подготовка на амбалажа, преработка и пакување може да се одвиваат во истиот простор доколку бидат временски одвоени;
6) суровините и додатоците кои се користат во производство потребно е да бидат набавени од регистрирани или одобрени производители/добавувачи;
7) водата која се користи во објектот треба да ги исполнува барањата пропишани во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење;
8) во просторијата за подготовка и преработка или во непосредна околина да има најмалку еден повеќенаменски мијалник;
9) да е обезбедена соодветна опрема за разните производни постапки изработена од нетоксичен и некородирачки материјал, лесна за чистење и дезинфекција;
10) садовите и опремата соодветно да се чистат, дезинфицираат и складираат во производниот простор;
11) да се користи санитарниот чвор во состав на станбениот простор;
12) гардеробата да биде надвор од објектот, ако е во непосредна близина;
13) суровините и преработените производи да се чуваат во иста просторија доколку се физички соодветно одделени во зависност од карактерот на готовиот производ;
14) просторијата за складирање и чување на производот во зависност од процесот на производство и видот на производот да биде на различна локација од просторијата за производство;
15) во објектот да се преземаат мерки за спречување или намалување на ризикот од контаминација;
16) за време на работата треба да се применат соодветни постапки на добра производна и добра хигиенска пракса со цел да се спречи вкрстена контаминација; и
17) за време на транспортот на производите, да се одржуваат соодветни хигиенски и температурни услови

Производителите, на пакувањето на преработениот производ од неживотинско потекло треба да ги наведат следните информации:

  1. име и адреса на производителот;
  2. датум на производство;
  3. име и вид на производот;
  4. услови за чување;
  5. состав на производ и
  6. рок на употреба на производот.

Произведувачот за да се овозможи следливост на набавените суровини, основни и помошни и дистрибуцијата на готовиот производ треба да ги евидентира податоците за датумот на производство, видовите на производи, количества на преработени основни и помошни суровини и количества на добиени производи по вид на производ согласно член 32 од Законот за безбедност на храната.

Во објектите кои произведуваат храна со традиционални карактеристики со примена на традиционални методи за производство треба:

  1. да се употребува опрема и помошна опрема и садови во процесот на подготовка на производите кои се од материјал кој се користи во традиционалното производство како соодветни и автентични;
  2. да се врши ферментација на производите во простории од дрво, камен, бетон и/или на отворен простор во зависност од спецификите на средината неопходна за развој на дел од нивните карактеристики;
  3. да се изложуваат производите на потребните соодветни атмосферски влијанија доколку е обезбедена заштита од контаминација на производот; и
  4. суровините кои се користат во производство да бидат набавени од регистрирани или одобрени производители/добавувачи.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:објектправилникпроизводство
Претходен напис Свежа, замрзната или конзервирана храна: Која е похранлива?
Следен напис Неповратни 10 000 евра за започнување на семеен агробизнис, еден од условите, регистрација согласно правилниците на АХВ
2 коментари 2 коментари
  • Светлана напиша:
    на 16/06/2020 г. во 19:37 часот

    Koj се условите за неповратните средства

    Одговори
    • agrotim1 напиша:
      на 22/06/2020 г. во 09:06 часот

      Почитувана, сите услови ќе бидат дополнително објавени од страна на МЗШВ кога ќе излезе повикот. Следете ја платформата Агротим.мк ќе информираме навреме. Поздрав

      Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?