Агенцијата за храна и ветеринарство известува дека кампањата „Стоп Беснило“ во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед на тоа дека се прибрани доволен број на примероци од кучиња и мачки, AХВ ги исклучува овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата „Стоп Беснило“ продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210.
Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Кампањата „Стоп беснило” почна на 30 јули со првиот дел – медиумска промоција на аудио и видео спотови за едукација на граѓаните.
