Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Досега нема нотификација дека на нашиот пазар има небезбедни минерални води и газирани пијалаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Досега нема нотификација дека на нашиот пазар има небезбедни минерални води и газирани пијалаци
Агровести

АХВ: Досега нема нотификација дека на нашиот пазар има небезбедни минерални води и газирани пијалаци

Последна измена: 08/11/2023 12:09
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку европскиот Систем за брзо известување на небезбедна храна и храна за животни – RASSF нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Од АХВ денеска преку соопштение информираат дека се зајакнати инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја. 

– Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи, се наведува во соопштението од АХВ.

Во Хрватска, според јавувањето на медиумите, хоспитализирани се четири лица поради труење со газиран пијалак. Три лица завршиле во болница во Загреб, а едно во Ријека. Земени се мостри и дадени на натамошна анализа. Во Ријека 19-годишно момче завршило во болница со повреди на хранопроводникот и стомакот откако испил безалкохолен пијалак во ресторан. Хрватските медиуми ги спомнуваат и случаите на момче во Крапина кое пред неколку недели завршило во болница откако испило сок од јаболко и на маж од Пула чиј хранопровод е тешко повреден откако испил чаша минерална вода во ресторан во Ријека во мај.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:ахвводигазирани пијалацинебезбеднинотификација
Претходен напис Пачеларите од Делчево ќе се запознаат со начините на производство и одгледување матици
Следен напис Пенов: Многу локални проекти се реализираат со средства од ИПА инструментот на ЕУ, важно е општините да градат капацитети за нивно целосно искористување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?