Ги известуваме сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени дека во четврток 26. 05. 2022 година, во просториите на Општина Тетово ќе се оддржи инфо ден на тема аплицирање на актулниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој, најавените повици за државна земја под концесија како и за мерките од очекуваниот ИПАРД 3 кој годинава ќе тежи 35 милиони евра.
На средбата учество ќе земат, градоначалникот на Општина Тетово – Билал Касами кој ќе ја потенцира поддршката на локалната власт за искористување на мерките на Владата и европските фондови, од земјоделската платформа Агротим и претставници од институции од земјоделскиот сектор.
Трибината е со почеток во 16 часот во сала во Општина Тетово.
Ве очекуваме сите што сте заинтересирани да инвестирате во агрокомплексот да добиете повеќе информации и да може да ги користите овие средства кои државата ги обезбеди за модернизирање и развој на вашите бизниси.
