Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелески: Промената на времето добредојдена после зимската суша
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелески: Промената на времето добредојдена после зимската суша
Агровести

Ангелески: Промената на времето добредојдена после зимската суша

Последна измена: 06/02/2020 12:13
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Промената на времето која се случи во изминатите денови, со драстичен пад на дневните температури некаде и за повеќе од 10 Целзиусови степени со појава на врнежи од дожд кои беа повеќе од потребни во овој период после една голема зимска суша и појавата на снежна покривка особено во Пелагонија со дебелина од 20 – 27 сантиметри, се оценува како повеќе од добредојдена скоро за сите земјоделски култури.

Есенските посеви во изминатиот период беа во катастрофално лоша состојба поради недостатокот од влага во почвата во површинскиот слој од 5-10 сантиметри, а тоа е регијата каде се наоѓа кореновиот систем на посевите во овој момент, и неможноста да се изведи првото прихранување со азотни минерални ѓубриња, особено неповолна состојба имавме во Овче полскиот регион, кој за жал и со овој бран не ги доби потребните количества врнежи, но сепак и тие десетина литри ќе допринесат да се изведи прихранувањето со препорака што е можно поскоро заради фактот што таквата влажност во почвата не е задоволителна и постои можност во наредната седмица со покачувањето на дневните температури и стабилизацијата на времето и таа да се изгуби.

Сосотојбата во Битолскиот и Прилепскиот регион е далеку подобра, врнежите се околу 27 л/м2 а присуството и на снежната покривка со дебелина од околу 20 сантиметри дополнително ја одржува оваа состојба на задоволително ниво. Состојбата со снежните врнежи на планините влева барем малку надеж дека ќе се покачат нивоата на водотеците и ќе допринесат за подобрување на хидролошката состојба, а особено битна за земјоделството е полнењето на вештачките акумулации кои се на многу ниско ниво.

Дефицитот на влага во почвата и празните акумулации се провлекува подолг период скоро целата есен и зима до овој период и истиот во овој момент изнесува околу 50-90 л/м2 така да едни вакви врнежи не ја решаваат состојбата во земјоделството туку само моментално ја ублажуваат, состојба која кај земјоделците треба да влее надеж дека сеуште се не е изгубено и состојбите полека очекуваме да се стабилизираат.

Минималните температури забележани во текот на изминатата ноќ со вредности до -4 Целзиусови степени не се никаква закана или опасност за измрзнувања, но и оние кои се очекуваат во наредните денови до викендот со вредности до -14 Целзиусови степени во источните краеви и некаде околу -10 во Пелагонија и долж Повардарието не треба да ги загрижуваат земјоделците, заради тоа што сеуште не е отпочната вегетацијата кај овошките од коскестите видови, а нивната издржливост во услови на мирување е поголема.

Среќна околност во изминатиот период беше тоа што покрај забележаните високи дневни температури во текот на денот, имавме ноќни и утрински температури ниски кои ја разладуваа атмосферата а ниската влажност во почвата дополнително не дозволуваше нагло и брзо отпочнување на процесите за пролетно обновување на вегетацијата.

Како резиме, ваквата промена која ни се случи деновиве не е невообичаена за овој период од годината, туку напротив очекуваме да има позитивни импликации врз земјоделското производство со сите оценки дадени предходно.

Ангелко Ангелески

Агрометеоролог во Управата за хидрометеорoлошки работи Скопје

Може да ви се допадне

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничите премини
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Таг:ангелевскиангелковременска прогнозастепениухмр
Претходен напис Директорот на Фондот за пензиско инвалидско осигурување оствари средба со претседателите на здруженијата на СЗПМ
Следен напис Атанасов: Се очекува прифатилиштето „ЛАЈКА“ да биде пуштено во употреба до крајот на март
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?