Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агро претприемништво – нов модел и поттик за младите земјоделци да почнат сопствен „зелен“ бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агро претприемништво – нов модел и поттик за младите земјоделци да почнат сопствен „зелен“ бизнис
Агровести

Агро претприемништво – нов модел и поттик за младите земјоделци да почнат сопствен „зелен“ бизнис

Објавено 27/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Креирање нови техники, стратегии и методи кои ќе ги мотивираат младите земјоделци да почнат сопствен еко или „зелен“ бизнис, е една од целите на проектот Европски млад земјоделец што беше презентиран денеска на конференцијата „Green for growth“.

Со проектот, како што беше речено, се афирмира и промовира агро претпреимништвото како поинаков, креативен начин за самовработување во земјоделскиот сектор.

Млади земјоделци ќе имаат можност во септември да заминат на десетдневна обука во Бугарија, а ќе се креира и интернет платформа за е-учење.

-Ќе креираме стратегии и методи кои ќе ги поттикнат младите земјоделци да почнат еколошки иницијативи, да го изразат своето мислење, да бидат активни граѓани во општеството и да носат правилни одлуки за здрава животна средина и подобар животен стил. Преку интерактивни и ефикасни обуки ќе обезбедиме информации и насоки за претворање на знаењето во „зелени“ агро бизниси. Целта е отворање нови вработувања за младите и подобрување на животниот стандард, истакна координаторот на проектот Зоран Лазаревски.

Тој објасни дека на интернет платформата, како алатка за комуникација меѓу учесниците, ќе бидат „закачени“ сите модули на курсеви, но и примери за успешни „зелени“ бизниси.

Поздравувајќи ја ваквата иницијатива, директорот на Платежната агенција Никица Бачовски рече дека и државата обезбедува голема поддршка за младите земјоделци, како и дека само во моментов се во тек пет отворени повици, а ќе следуваат уште два, за подигање нови насади.

-Поддршката е 50 – 100 проценти што воопшто не е малку, особено не за луѓето кои допрва почнуваат да се занимаваат со производство. Конкурентноста и продуктивноста треба да бидат на највисоко ниво, а тоа може да го направат само младите кои треба да ја искористат оваа ситуација колку и да изгледа тешка и непредвидлива, напомена Бачовски, информирајќи дека е забележан раст на бројот на апликанти – млади земјоделци до 40 години, кои генерално знаат сами да ги подготват проектите и барањата за финансиска поддршка.

Тој укажа на проблемот со возрасната структура на земјоделците.

-Не само ние, туку цела Европа има еден страшен проблем, а тоа е старосната граница, односно просечната возраст на земјоделецот која е во постара фаза и секоја држава, посебно членките на ЕУ, се фокусираат на поддршка на младите земјоделци. Кај нас, младите земјоделци може да се најдат во сите програми за поддршка – Програмата за директни плаќања која годишно надминува 100 милиони евра и опслужува над 100 000 земјоделци и Програмата за рурален развој која содржи две мерки, 112 и 113, за лица под 40 години (грантови или 100 проценти покривање на трошоците за инвестиции до 10 000 и до 20 000 евра). Од 2018 година наваму овие две мерки ги искористиле над 700 лица и досега се исплатени пет милиони евра, главно инвестиции на млади земјоделци за механизација, но и за преработка. Има и многу мерки за кофинансирање за подигање нови насади, набавка на добиток, во кои може да се најдат и лицата до 40 години, рече директорот и додаде дека сепак, многу е важна и информираноста за можностите кои се нудат.

Според експертот и претседател на C.R.E.A.M. Европа Зоран Јелиќ, она што недостасува се одржливи проекти, прифатливи за финансирање од страна на банките.

-Проблем е и немањето доволно свест, соработка, податоци, информации, транспарентност, државен консензус. Никој сам, како поединец, не може да решава комплексни проблеми. Затоа е неопходна соработка и заедничко работење на сите нивоа – централно, локално и регионално, рече Јелиќ. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агро претприемништвобизнисзеленземјоделци
Претходен напис (ФОТО) Се подобрува пристапноста до земјоделските земјишта во Пехчевско
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?