Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР: Соопштение за повратот на исплатените субвенции за тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР: Соопштение за повратот на исплатените субвенции за тутун
Агровести

АФПЗРР: Соопштение за повратот на исплатените субвенции за тутун

Спонзорирана содржина
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
Спонзорирана содржина

Со оглед на информациите кои беа објавени во медиумите за поврат на исплатени субвенции за произведен и предаден тутун, сакаме како Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која е надлежна за прием на барања за исплата на субвенции, обработка на истите, спроведување на контроли (административни и на терен) и на крај исплата, сакаме да ве информираме дека:

Тврдењата од страна на произодителите на тутун кои имале исплатени субвенции а сега им се бара поврат на средствата, но тие незнаеле зошто, не се точни. Во секое изготвено решение наведено е точно каде и за колкав процент отстапува пријавеното од страна на земјоделецот со реалното сработено на терен.

Па така, со последните направени контроли, за подмерка 1.9,„ Директни плаќања за договорен и продаден ориентален, ароматичен, необработен тутун од реколта 2024 година“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година, констатирани се разлики кај дури 91 тутунопроизводиотел. Според законот за земјоделство и рурален развој, изготвени се решенија за поврат на средства во вкупен износ од 20 962 193 денари.

За службите да бидат сигурни во донесените одлуки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, изврши дополнителна проверка при што утврди дека кај дел од тутунопроизводителите констатирана е разлика поголема од 30%, помеѓу пријавените капацитети и капаците кои се утврдени со контролите.

А, согласно член 53, алинеја 4 од законот за земјоделство и рурален развој ,, доколку при контрола на самото место се утврди дека големината на површината на земјоделското земјиште е помала од 30% -50 % од големината на површината пријавена во барањето за директни плаќања, земјоделското стопанство целосно се исклучува од користењето на директните плаќања за дадената година.

За тоа, зошто се исплатени субвенции за кои сега се бара поврат на средствата, одговорност има само кај самите земјоделци кои не реално ги пополнуваат апликациите и си ја доведуваат во прашање државната помош. Со оглед на тоа дека, исплатата на субвенциите според одобрената програма, треба да се реализира до декември во тековната година, но само со цел, да им се излезе во пресрет на проиводителите на тутун, субвенциите им се исплатени во месец април 2025 година. Дури на 10 јули 2025 година започнало поднесувањето на единствените барања по површина/грло добиток од Програма финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, по што се започнати и редовните контроли на кои службите кои имаат обврска сите апликации да ги поткрепат со доказ од терен, утврдиле разлики со над 30 % од пријавеното.

За крај, само да дообјасниме, а се надеваме дека и здруженијата на земјоделци од сите гранки, знаат, информирани се и треба, навремено да ги информираат своите членови дека субвенциите не се поврзани со реколта туку со капацитетите пријавени во тековната 2025 година, која во моментов е спорна за 91 тутунопроизводител.

На официјалната страна на АФПЗРР е објавена целосната листа.

АФПЗРР

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:платежна
Претходен напис Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Следен напис УХМР со предупредување: Земјава под влијание на силно невреме со пороен дожд, град и силен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?