Веќе објавивме дека поднесовме барање за информација до Платежната агенција за исплата на субвенциите за млеко и овци. Од агенцијата информираат дека се прават напори во целост да се следи предвидената програма и календар за исплата на субвенциите.
-Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, прави напори во целост да се следи предвидената програма и календар за исплата, не само на субвенциите за млеко и овци, туку и за сите останати земјоделци кои поднеле барање и ги исполнуваат условите за добивање на средствата.
Согласно утврдените процедури за работа, поднесените барања се обработени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплатата се извршува согласно закон и по дообезбедување на средства ќе се доисплатат сите баратели кои ги исполнуваат условите, се вели во соопштението од АФПЗРР.
