Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР како лидер за ИПАРД во регионот споделува искуство на вработените од Платежната агенција на Албанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР како лидер за ИПАРД во регионот споделува искуство на вработените од Платежната агенција на Албанија
Агровести

АФПЗРР како лидер за ИПАРД во регионот споделува искуство на вработените од Платежната агенција на Албанија

Објавено 24/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска и утре е домаќин на претставници на Агенцијата за земјоделство и рурален развој од Албанија.

Како што информира Платежната агенција, заменик директорот на АФПЗРР Ремзи Абдулахи на состанокот истакна дека преку обезбедување на меѓусебната соработка, двете институции и двете земји, заемно си помагаат. Целта, како што рече Абдулахи, е развој и јакнење на административната структура и капацитети, како и зголемена апсорпција на средства од ИПАРД програмата.

-Република Северна Македонија преку АФПЗРР веќе долго време успешно ја реализира ИПАРД програмата. Доказ дека институцијата ги користи сите расположливи капацитети за успешна имлементација на проекти финансисирани од ИПАРД е и целосното искористување на расположливиот буџет, кој беше одобрен од ЕУ за ИПАРД 2 програмата. Како држава, веќе две години по ред немаме кратење на првично утврдениот финансиски план. Потврда дека успешно ја спроведуваме оваа програма е и дисеминацијата на знаење на земјите од соседството кои го користат ИПАРД. Оваа и сите други посети се потврда дека земјава има важна, лидерска улога во имплементацијата на ИПАРД програмата, истакна Абдулахи.

Вработените од Платежната агенција на Република Северна Македонија во овие два дена ќе ги пренесат знаењата, искуствата, процесот на работа и подготовка на проектите од ИПАРД програмата.

-Ќе се споделат искуствата околу надлежностите и начинот на обработка на проектите при обезбедување на референтни цени за сите ставки кои се предмет на инвестициите во барањата за финансиска поддршка преку проектите од ИПАРД 2. Вработените од двете Агенции ќе разменат искуства околу комуникацијата со правните лица кои се јавуваат како добавувачи на ИПАРД проектите и преку кои се обезбедуваат информации за цените кои се понудени во предложените проекти, се наведува во соопштението.

На оваа дводневна работилница ќе се споделат и методологиите за оформување на референтни цени, а ќе се запознаат и со процедурите од аплицирање, преку обработка на барањата за ИПАРД па се до потпишување на договори и исплатата на финансиската поддршка.

-Со помош на средствата од ИПАРД програмата, земјите од регионот ги јакнат секторите земјоделство, а паралелно се развиваат, модернизираат микро и макро претпријатијата со што примарното производство добива додадена вредност, стои во соопштението од АФПЗРР.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Претходен напис Заврши јагнењето на овците во Кичевско
Следен напис Дански производител го запре производството на пиво во Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?