Владата на вечерашната седница го именуваше досегашниот Заменик директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Абдул Селам Селами, за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи.
На негово место, вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој доаѓа Ремзи Абдулахи, дипломиран правник .
