Данските власти известија за појава на корона вирус на фарма за канадски куни, најавувајќи дека животните ќе бидат убиени, откако ширењето на заразата на фармите веќе предизвикало дилема во Холандија.

Данска е најголем извозник на крзно од куна во светот, а појавата на корона вирусот на фармите на северот на Јутланд е прв таков случај во земјата.
Куните се тестирани откако лице поврзано со фармата било тестирано на ковид-19, и тестот бил позитивен, наведува Ројтерс.

Властите одлучија да ги уништат сите 11 илјади животни на фармата
„ Владата одлучи, заради превентива, заразените канадски куни да се усмртат, за да се минимализира ризикот од потенцијално ширење на болеста“ стои во соопштението на Данската управа за ветерина и храна. Вирусот е регистриран уште на 13 фарми во Холандија и властите наредиле да се усмртат вкупно 570.000 животни.

Протоа холандското министерство за земјоделство објавило дека вирусот преминал од животните на човекот а министерката Карола Шоутен признала дека насоките на министерството во кои стоело дека луѓето можат да ги заразат животните но не и обратно, биле погрешни.
Корона вирусот прв пат е регистриран на фармите за куни во Холандија во април, откако чуварите забележале дека поедини животни имаат потешкотии со дишењето.
Холандија извезува крзно од куна на кинескиот, корејскиот, грчкиот и турскиот пазар.
Извор: Index.hr
