Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски најави финансиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традицоналните специјалитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Димковски најави финансиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традицоналните специјалитети
Агровести

Министерот Димковски најави финансиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традицоналните специјалитети

Објавено 18/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 1,5 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе ги заштити називите на домашните земјоделски производи и традиционалните специјалитети.

Ресорниот министер Трајан Димковски кој  беше во работна посета на Охрид, истакна дека од денеска е објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“.

– Максималниот износ за техничката поддршка изнесува 80 отсто од вредноста на трошоците за изработка на елаборат односно спецификација на производот, лабораториски анализи, истражување на пазар и трошоци за контрола и верификација за соодветноста на елаборатот односно спецификацијата со производот, но не повеќе од 300 илјади денари, рече Димковски.

Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката поддршка се група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав.

– Ги повикувам сите субјекти кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик кој ќе трае во наредните 45 дена. Се надевам дека заеднички ќе успееме да го направиме првиот чекор и ќе го надминеме досегашниот проблем кој главно се однесуваше на изработката на елаборатите. На тој начин ќе овозможиме многу наши домашни земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети конечно да добијат „Заштитена ознака за потекло“, „Заштитена географска ознака“ или ознака за „Гарантиран традиционален специјалитет“, рече тој.

Инаку Димковски беше во атарот на село Косел, што е меѓу неколкуте од Охридскиот регион каде се каде се одгледуваат надалеку познатите Охридски цреши.

Поводот за посетата беше токму фактот што во последните три години забележано е постојано зголемување на површините со црешови насади за 23 отсто, како и континуриано зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, за 30 проценти.

Во регионот се произведува домашната сорта „Охридска цреша“ која од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака. аб/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димковскидомашни производимзшвтредиционални специјалитетифунансиска поддршка
Претходен напис Од денеска јавен повик за заштитени ознаки за домашните земјоделски производи и традиционалните специјалитети
Следен напис Корона вирус – откриен на фарма за куни во Данска, ќе бидат убиени 11.000 животни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?