Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Агровести

Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари

Објавено 01/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денес, заради високите дневни температури се воведува целосна забрана за движење во Паркот на прородата Езерани.

Од Општина Ресен информираат дека со цел да се спречат секакви можности за пожар на отворено, и како поука од минатогодишните пожари, се воведува целосна забрана за движење во Паркот на природата Езерани.

-Паркот на природата Езерани е едно од најзначајните заштитени подрачја во Преспанскиот регион. Со своите трски, влажни ливади и плитки води, тој претставува дом за стотици видови птици, риби, водоземци и растенија, од кои многу се ретки и заштитени. Секој спречен пожар значи зачувано живеалиште, зачуван биодиверзитет и посигурна иднина за Преспанското Езеро, посочуваат од Општина Ресен.

Како што е познато, северниот крајбрежен дел на Преспансото Езеро заедно со дел од блатните екосистеми во непосредна близина на брегот, вообичаено скратено нарекуван „Езерани“, според селото чиј атар зазема голем дел од подрачјето, е значајно подрачје во национални рамки, но исто така и во европски и светски контекст. Заради ваквите карактеристики и значење во меѓународни рамки, природниот парк Езерани во 1996 година е прогласен за Строг природен резерват, а целата територија административно припаѓа кон општината Ресен. 

МИА

Може да ви се допадне

Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
Таг:движењеЕзеранизабранапожари
Претходен напис Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Следен напис УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?