Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Агровести

Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

Објавено 01/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка.

Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година.

Од Народната банка посочуваат дека најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации (72,8%), при евидентиран годишен раст од 25,9 отсто, што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

-Натамошни позитивни движења има и кај плаќањата со платежни картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет  (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). Растот на дигиталните плаќања се должи и на воведувањето нови платежни решенија од страна на банките, со кои на граѓаните им се овозможува поедноставно и побрзо плаќање преку мобилни уреди, без употреба на физичка платежна картичка. Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со мобилен телефон во земјава, што укажува на постојано зголемување на користењето на мобилните плаќања и промена на навиките на граѓаните во полза на користењето на придобивките од дигитализацијата- се наведува во соопштението од Народна банка.

Наведените податоци потврдуваат дека дигитализацијата на платежните услуги напредува, при што електронските плаќања и платежните картички имаат сè позначајна улога во секојдневните финансиски активности на граѓаните.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска:
👉 Платежна статистика на Народната банка.

Народна банка

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров
Индија се соочува со историска суша
Таг:2026 годинанародна банкаплаќањараст
Претходен напис Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?