Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Агровести

Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона

Објавено 28/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското крајбрежје, според информациите со кои располага Општина Дојран. 

Високите температури овозможија зголемување на бројот на посетители кои сакаат да поминат викенд или повеќе денови покрај Дојранското Езеро и да ги користат природните особености на еден од домашните туристички центри.

Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото во Стар Дојран е веќе исчистен и уреден, а во завршна фаза е и реконструкцијата на пешачката патека од пазарот до амфитеатарот.

– Сите плажи се средени, целото крајбрежје е исчистено и попесочено на потегот од Градската плажа, па се до плажата “Фук так”. Сега има повеќе можност за капачите, се зголемува слободниот простор за користење покрај езерото, односно се зголемува капацитетот и целото крајбрежје е функционално. Ги имаме првите туристи, првите прогнози се задоволителни. Се бара место повеќе во дојранските сместувачки капацитети, и од домашни и од српски туристи, а истовремено привршуваме со санирање на оштетените делови од пешачката патека, вели Тентов.

Следната недела, на трети и четврти јули Дојран го очекува “Д – фест”, музички настан кој ќе се одржи на паркингот кај “Гранит”. 

– На јавниот повик кој беше распишан на почетокот на месецот избравме продукција која ќе ја направи програмата за Дојранското културно лето. Наскоро ќе ја објавиме програмата и тековно ќе информираме за сите настани. Културното лето ќе се одржува во јули и август. Фестивалот “Преку езерото” ќе биде во склоп на Дојранското културно лето. Во двата месеци, секојдневно ќе има различни содржини, поетски рецитали, настапи на фолклорни ансамбли, глума, драми, филмови. Сите настани ќе се одвиваат на две локации, под јаворот и на амфитеатарот, вели Тентов.

Во објавата на Општина Дојран се наведува дека Општината нема финансиски да ги поддржува манифестациите, но ќе има обврска кон организаторот да му овозможи користење без надоместок на јавните површини во наведените локации и ќе овозможи инфраструктурни приклучоци за одржување на настаните. 

МИА

Може да ви се допадне

Различни вкусови, рачни изработки и музички изведби го промовираа прекуграничниот регион на настанот „Border Bite” во Дојран
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
ЦУК: Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес
Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници
Таг:дојранлетната сезонаплажитуристи
Претходен напис Различни вкусови, рачни изработки и музички изведби го промовираа прекуграничниот регион на настанот „Border Bite” во Дојран
Следен напис До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?