Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна Мониторинг-мисијата на WBIF во Северна Македонија – Беким Сали: Фокус на ефикасна имплементација и конкретни резултати за граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна Мониторинг-мисијата на WBIF во Северна Македонија – Беким Сали: Фокус на ефикасна имплементација и конкретни резултати за граѓаните
Агровести

Почна Мониторинг-мисијата на WBIF во Северна Македонија – Беким Сали: Фокус на ефикасна имплементација и конкретни резултати за граѓаните

Објавено 24/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за европски прашања (МЕП) беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој почна Мониторинг-мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Северна Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите.

Во своето воведно обраќање, информира МЕП, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека WBIF останува еден од најзначајните инструменти за поддршка на економскиот развој на државата, регионалната поврзаност и процесот на европска интеграција.

-Нашата одговорност не завршува со обезбедувањето финансиски средства. Вистинската мерка за успех е имплементацијата. Секој реализиран проект значи повеќе можности за граѓаните, поконкурентна економија и повисок квалитет на живот, истакна министерот Сали.

Тој нагласи дека мониторингот треба да се гледа како стратешка алатка за управување која овозможува навремено препознавање  предизвиците, поефикасна институционална координација и носење одлуки базирани на резултати.

-На состанокот беа разгледани клучните предизвици во спроведувањето на инфраструктурните проекти, вклучително и капацитетите на единиците за имплементација на проекти, постапките за јавни набавки, промените во опфатот на проектите, меѓуинституционалната координација и административните процедури за издавање дозволи и одобренија. Сали истакна дека Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст воспоставија постратешки пристап кон планирањето на инвестициите, додека фокусот во наредниот период треба да биде насочен кон зголемување на ефикасноста на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните, соопшти МЕП. 

Посочува и дека учесниците ја потврдија заедничката посветеност за зајакнување на механизмите за мониторинг, унапредување на институционалните капацитети и забрзување на реализацијата на стратешките проекти кои придонесуваат за економски развој и за напредокот на државата кон членство во Европската Унија.

-Мониторинг мисијата на WBIF ќе продолжи и во наредните два дена со тематски состаноци посветени на транспортот, енергетиката и животната средина, како и со теренска посета на проектот за Пречистителна станица за отпадни води во Скопје, се наведува во соопштението од МЕП.

МИА

Може да ви се допадне

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
ЦУК: Три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати
Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
Таг:WBIFБеким СалиМониторинг-мисијата
Претходен напис ЦУК: Три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати
Следен напис УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?