Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!
Агровести

Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!

Објавено 23/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Информацијата за запишување на само три деца во земјоделското училиште во Битола, во најземјоделскиот регион кај нас е пораз за нашата држава која се декларира како аграрна.

Незаинтересираноста на младите за земјоделската струка е аларм за Владата, особено што трендот на стареење на земјоделскaта популација последните години е загрижувачки.

Министерката за образование Весна Јаневска за Телма вели дека наставниците во земјоделското училиште во Битола, не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат да се запишат повеќе ученици?!

Во прва година се запишале само три деца, кои поради малиот интерес сега ќе треба да се запишат во друга струка.

„Наставниците не се потрудија да обезбедат деветооделенци кои ќе учат во тоа училиште кое е најстаро и има запишано само три ученици во прва година, а станува збор за Пелагонија каде што земјоделието треба да се развива“, рече Јаневска. 

Таа најави дека ова ќе придонесе за префрлување на струката и наставнциите во Регионалниот центар во Битола.

„ Ние не можеме да дозволиме парарелка со три ученици да постои. Тие ќе продолжат да работат како втора, трета и четврта година, а од следната година земјоделската струка ќе се префрли во Регионалниот центар како што и планираме“, рече Јаневска

За запишаните деца, таа рече деќа ќе треба да се запишат во друга струка.

„Ги изневерија учениците, требаше да си соберат ученици, да промовираат во 9 одделнија, да направат некаков тип на сензабилизација, но тоа не го направија  и ги доведоа овие три ученици во заблуда“, рече таа.

Според Јаневска, струката ќе се префрли во Регионалниот центар во кој како што рече се вложени многу средства. Таму ќе се префрлат и наставниците.

Во однос на зградата која е во државна сопственост, дополнително ќе се одлучува што ќе се прави со неа, информира Телма.

Сепак, сензабилизација за земјоделска струка се прави со успешни мерки и аграрна стратегија каде земјоделското производство ќе биде модернизирано, профитабилно, со европски стандарди и висока редовна поддршка од државата. А за тоа ни требаат млад, образован кадар со европски манири и милијарди евра поддршка од Европските фондови.

Може да ви се допадне

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, без подолги задржувања на граничните премини
Општина Илинден изврши агрохемиска анализа на обработлива почва
Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран
Таг:БитолаВладаземјоделецулиште
Претходен напис Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
Следен напис Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?