Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
Агровести

Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија

Објавено 22/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност.

Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и концептот на просумер – граѓанин кој произведува и троши сопствена електрична енергија.

Во рамки на саемот ќе бидат поставени штандови од различни организации и компании со што граѓаните ќе можат директно да се информираат за технички решенија, понуди и практични аспекти за инсталација. Ќе бидат организирани и интерактивни активности и демонстрации поврзани со користење на соларна енергија, меѓу кои и симулации на производство и користење на електрична енергија, како и интерактивни работилници за деца со цел на најмладите да им се доближи концептот на обновливи извори на енергија на забавен и едукативен начин.

– Настанот е дел од пошироките напори за зголемување на јавната свест за одржливи енергетски решенија и поттикнување на енергетската транзиција, велат организаторите.

Во рамки на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, којшто се спроведува во рамки на „Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансформативна климатска правда во Европа и пошироко“, координиран од CAN Europe и кофинансиран од Европската Унија, во текот на оваа година ќе бидат реализирани вакви соларни саеми и во Кичево, Битола и Прилеп.

МИА

Може да ви се допадне

Хоџа: Пчелите не потсетуваат дека организираната работа носи резултати
„CEF форум 2026“ на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“
Почнува летото
Европа под топлотен бран, температурите се искачуваат до 41 степен
Грција подготвува план за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus
Таг:ОхридСоларен саемсоларната енергија
Претходен напис „CEF форум 2026“ на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“
Следен напис Хоџа: Пчелите не потсетуваат дека организираната работа носи резултати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?