Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка
Агровести

НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено 19/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, додека вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, информира Народната банка. 

Паричната маса во мај годинава е зголемена за 0,8 проценти на месечна основа, во најголем дел како резултат на растот на готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при остварен раст и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е повисока за 8,6 проценти, поради растот на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Во мај, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,8 проценти, коешто се должи на зголемените депозити на корпоративниот сектор. Годишниот раст на депозитите изнесува 8,6 проценти и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.

Депозитите на корпоративниот сектор остварија нагорна месечна промена од 2,5 проценти, во поголем дел поради растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута. Годишниот раст од 5,8 проценти главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при забележан пад на краткорочните депозити во денари.

Во мај, депозитите на домаќинствата се речиси непроменети на месечна основа. Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се повисоки за 9,7 проценти, главно под влијание на зголемувањето на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. 

Кредитите на корпоративниот сектор во мај бележат месечен раст од 0,9 проценти којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 15 проценти и во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари.

Кредитите на домаќинствата, во мај, забележале месечно и годишно зголемување од 1,3 проценти  односно 1 процент поради растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

– Кредитите одобрени на кредитните картички, во мај, бележат месечен раст од 0,2 проценти, во услови на годишен пад од 4,1 процент. Во мај, негативните салда на тековните сметки забележаа месечно и годишно зголемување од 6,1 проценти и 5 проценти, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,5 проценти и 10,3 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно – информира Народната банка. 

Народна банка

Може да ви се допадне

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Делови од Скопје утре без вода
Поради топлотниот бран во 53 француски департмани во сила е портокалов метеоаларм
Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Сезонски изглед на времето – Лето 2026
Таг:депозитикредитна поддршкаНБраст
Претходен напис Делови од Скопје утре без вода
Следен напис Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?