Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот
Агровести

Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот

Објавено 17/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Локалниот совет за превенција во Берово упати апел до земјоделците и останатите учесници во сообраќајот за поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила при користење на земјоделската механизација на јавните патишта.

Во рамки на своите активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот, Советот изготви информативен флаер со препораки за безбедно управување со трактори и друга земјоделска механизација, со цел намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и заштита на сите учесници во сообраќајот.

– Со почетокот на сезонските земјоделски активности се зголемува присуството на земјоделски машини на патиштата, поради што е неопходно доследно почитување на сообраќајните прописи и користење на исправна и соодветно обележана механизација. Преку оваа превентивна активност настојуваме да се подигне свеста кај возачите на земјоделска механизација за нивната одговорност во сообраќајот и да се придонесе за намалување на бројот на несреќи, информираа од Локалниот Совет за Превенција.

Оттаму ги повикаа земјоделците и останатите учесници во сообраќајот да се запознаат со препораките содржани во флаерот и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта и зачувување на човечките животи. 

Меѓу препораките се истакнува потребата од технички исправна механизација, користење на соодветна светлосна сигнализација и почитување на сообраќајните правила при движење по јавните патишта. Од Локалниот совет за превенција нагласуваат дека превенцијата и совесното однесување на секој учесник во сообраќајот се клучни за намалување на бројот на несреќи и создавање побезбедна сообраќајна средина за сите.

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Дел од Гази Баба денеска без струја
АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Без вода улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“
АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Таг:Беровоземјоделската механизацијаЛокалниот советсообраќајот
Претходен напис Дел од Гази Баба денеска без струја
Следен напис Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?