Горивата од полноќ поскапуваат од половина до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 до 2 денари за литар, а дизелот за половина денар. Поевтинуваат екстра-лесното масло за домаќинство и „мазутот“.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 ден./литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а „евросупер БС-98“ поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден./литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден./литар, со што новата цена ќе биде 86,50 ден./литар.
Се намалува и малопродажната цена на „мазутот“ за 1,074 ден./кг, кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден./кг.
МИА
