Поради неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно од редбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по спроведен вонреден инспекциски надзор, на Општина Гостивар и изрече парична казна од 2 100 евра во денарска противвредност ( 1500 за Општинта и 600 евра за Градоначалникот).
Донесено е и ново решение, по издаденото во ноември 2025 година, за забрана за спроведување на ваков тип неовластени активности, за кое во соработка со Министерството за внатрешни работи е утврдено дека возилото со кое се заловувале и дислоцирале бездомните кучиња, е истотото возило со кое и претходно се вршеле ваков тип недозволени активности, но, сега со променета регистарска табличка.
Вонредната контрола е спроведена по дојава на граѓани и доставени фотографии и видео докази до АХВ за неовластено заловување и дислоцирање на бездомни кучиња од страна на Општина Гостивар.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на инспекциски надзори за почитување на одредбите од Законот за заштита и благосостојба, во врска со заловувањето и третаманот на бездомните животни.
АХВ
