Од 13:00 часот денеска без вода ќе биде дел од населбата Лисиче. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Мите Богоевски“ бб (кај „Зур“ маркет).
Прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесета Македонска Бригада, Илија Димовски-Гоче, Димитар Македонски,Ван Гог, Архитект Сотир Томовски,Црноризец Храбар, Митре Влаот, Благоја Мучете, Ѓорѓи Андреевиќ Кун,Димитар Благоев и дел од Тодор Чангов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
МИА
