Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица
Агровести

Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

Објавено 15/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.

Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони.

„Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да ги завршиме сите документи и да почне и таму да се гради. Добро е што таму експропријацијата е завршена, одиме на проектирање и на изградба“, изјави Николоски.

Во однос на плановите за изградба на нови експресни патишта, тој најави:

„Во соработка со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објавуваме тендер за сите потребни студии за експресен пат кој ќе оди Кочани-Виница-Делчево, а за скоро време ќе излезе и за експресниот пат Радовиш-Струмица“, најави Николоски.

Според него, овие проекти покажуваат дека државата не инвестира само во автопатски делници, туку паралелно работи и на развој на современа мрежа на експресни патишта која ќе обезбеди побрзо и побезбедно поврзување на регионите.

„Тоа значи дека сериозно ќе се инвестира покрај во Централна и Западна Македонија и во Источна Македонија “, истакна Николоски.

Со најавените проекти, државата отвора нова фаза на инфраструктурен развој во која паралелно ќе се градат автопати и експресни патишта. Целта е подобрување на регионалната поврзаност, забрзување на транспортот на луѓе и стоки и создавање подобри услови за економски развој во сите делови на земјата.


Министерство за транспорт

Може да ви се допадне

Без вода дел од населбата Лисиче
Четири пожари во Куманово за еден ден
Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…
Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6 
Од фармата на семејството Фејзула во Тетово, Хоџа: Зголемувањето на домашното производство останува приоритет
Таг:експресен патКочани-Виница-ДелчевоНиколоскиРадовиш-Струмица
Претходен напис Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…
Следен напис Четири пожари во Куманово за еден ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?