Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…
Агровести

Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…

Објавено 15/06/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Минатата недела како да се споија во ист период три-четири работи коишто ги работиме 10-тина години наназад.

I.                  Инвестициона платформа 

1.      Премиерот на средбата во Комора со здружението за градежништво и потпретседателите на комората, званично обелодени дека од 1 септември ќе профункционира инвестициониот пакет на кој работиме веќе една година, како заедничко тело на Владата и Комората за забрзување на процесите. Станува збор за активности врзани за постојната изградба на автопатиштата низ Македонија, Кичево – Охрид, Прилеп – Битола, Гостивар – Кичево, автопатот према косовската граница и модернизација на повеќе патни правци; 

2.      Отпочнување на изградбата на пругата од српската до грчката граница;

3.      Одржување и воведување на нови авио дестинаци;

4.      Овие и приватните инвестиции на нашите компании и други локални проекти, треба да се стават во функција на бизнисот како основ и темел на неговиот развој и да бидат пробен балон за нашата спремност да бидеме дел од европското семејство. 

II.                Вештини во високото обазование

После успешната реформа со дуалното средно образование, конечно го отворивме и прашањето за вештините во високото образование. Тоа значи дека по донесувањето на законот за високо образование, активностите на бизнис заедницата, ќе се заокружи системот во кој конечно образованието ќе се стави во функција на бизнисот, и ќе се образува кадар потребен за остварување на неговата функција. Комората е спремна и кадровски и организационо да го поттикнува овој процес кој е од круцијално значење и ако не беа кризите во изминатиот период ќе беше централно прашање на нашето работење. 

III.              Промена на регулатива

Промена на регулативата во јавните набавки, статистиката, законот за празници, исто така минатата недела го поминаа филтерот низ телата во Комората и набрзо ќе бидат испратени во Владата.

IV.              Меѓународни настани

Најавувам голема конференција во организација на УНДП, Владата и Стопанската комора на почетокот на месец јули, за оддржливиот развој и исто таква конференција во ноември за односот на екологијата и индустрискиот развој.

V.               Коморски Инвестициски Форум

Продолжуваат нашите активности во Коморскиот Инвестициски Форум како основачи на ова значајно регионално тело, основано 2015 година во рамките на Берлинскиот процес предводено од Ангела Меркел со седиште во Трст, Италија, кое претставува 350.000 компании од Западен Балкан. По големиот број проекти за подигнување на инстутуционалниот капацитет, заедничкиот настап на саемски манифестации, формирани конзорциуми во рамки на Регионалниот фонд на предизвици преку кој многу компании и партнерства за стручно образование и обука веќе имаат корист од модернизираните објекти, нова опрема и подобрени програми за обука, ова тело претставува основ за раздвижување и развој на земјите на ЗБ, но и институција која дава свое мислење за економските политики на ЕУ кон Западен Балкан.

VI.              Еурочемберс

Можам да најавам дека во Стопанската комора ќе дојде и претседателот на Асоцијацијата на Европските трговско индустриски комори – Еурочемберс, Владимир Длухи, кој на 2 јули ќе ја посети нашата комора и ќе разговараме за меѓусебната соработка. Еурочемберс е европска мрежа која претставува над 1.700 регионални и локални комори со над 20 милиони компании членки во Европа. Таа e првата бизнис-организација којшто е основана на европско ниво после потпишувањето на Римскиот договор, чија мисија е да ги поддржи коморите во промовирањето на европската интеграција во земјите-членки и да биде гласот на бизнисот кон институциите во ЕУ.

Сите овие активности се во функција на нашите компании, да ја зголемат својата иновативност, да го зголемат извозот и да произведуваат производи со дададена вредност. Тука мора да кажам и да одадам признание на Владата на Република Македонија дека во последните два месеца сите билатерални владини посети ги направи заедно со бизнис делегации (Австрија, Унгарија, Хрватска, Турција, Швајцарија), и со тоа ни помогна да ги оствариме целите за кои сме основани.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица
Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6 
Од фармата на семејството Фејзула во Тетово, Хоџа: Зголемувањето на домашното производство останува приоритет
Потпишан договор за соработка со Платежната Агенција на Полска
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Таг:нова регулативаНови инвестициинови регионални
Претходен напис Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6 
Следен напис Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?