Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран
Агровести

Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран

Објавено 15/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства.

Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел.

За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на конфликтот, а подоцна тоа го потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп изјави дека договорот предвидува и отворање на Ормуската Теснина, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. „Нека потече нафтата!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Ормуската Теснина беше практично затворена за пловидба веднаш по почетокот на воздушните напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

Пред избувнувањето на конфликтот, нафтата „Брент“ се тргуваше по цена од околу 70 долари за барел, но во текот на борбите достигна и до околу 120 долари за барел. 

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Седница на Потсекторската постојана група за жита во МЗШВ
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Црвена етикета за „лажните млечни производи“
Таг:Иранмировниот договорнафтатападсадцените
Претходен напис Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени
Следен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?