Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Агровести

Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени

Објавено 02/06/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во присуство на високи претставници од Сојузното министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет на Германија, Германската амбасада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вчера (1 јуни) во Долно Лисиче беше отворено демонстрациско поле за тестирање методи за адаптација кон климатските промени во земјоделството. Активноста се спроведува со поддршка од германската влада преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и е дел од пошироката германска поддршка за Западен Балкан во јакнење на климатската отпорност и примена на практични решенија за земјоделско производство во нови климатски услови.

– Чест ми е што денес заедно покажуваме дека преку меѓународните партнерства и со примена на науката можеме да изградиме поотпорно, поконкурентно и поодржливо земјоделство. Овие напори се во согласност со националните стратешки документи, вклучително и Стратегијата за паметна специјализација, реформската агенда, како и националните стратегии за климатските промени. Особено значаен правец е развојот на паметно и одржливо земјоделство базирано на знаење, иновации и дигитални технологии. Денешното отварање на ова демонстрациско поле претставува важна алка во овој битен процес – изјави Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Активноста има практична цел: да помогне земјоделството да остане продуктивно и во услови на температурни осцилации, нерамномерно распоредени врнежи, суша и недостиг на вода, за земјата да може да обезбеди стабилно домашно производство на храна и во иднина. Особено значајно е што во овие експерименти се интегрираат дигитални технологии, прецизно наводнување, користење на различни видови на сензори, метеоролошки станици, системи за далечинско следење, дронови, соларни панели и пумпи, антифрост системи, како и други напредни технолошки алатки. Овој пристап овозможува собирање на прецизни податоци и нивна анализа, со што се создава особено важност да се базираат важни одлуки во делот на креирањето на овие политики.

Експерименталното поле, воспоставено со поддршка од германската влада во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, е демонстрациска локација каде што студенти, земјоделци, истражувачи, советници и стручни лица ќе можат да ги следат резултатите од новите технологии и практики во реално производство.

– Сакам да го потенцирам и образовното значење на ова демонстрациско поле. Нашите студенти, идните агрономи, технолози и земјоделски инженери добиваат нешто бесценето – можност да учат во непосреден контакт со реалниот предизвик. Никој не може да разбере што е суша, топлотен стрес или ерозија само преку учебник. Овде на ова демонстрациско поле студентите ќе учат со раце и со очи, ќе поставуваат прашања и ќе бараат директни одговори – истакна проф. д-р Билјана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На дел од експерименталната површина е подигнат опитен насад со слива од сортата „Стенли“, една од најзастапените во земјата. Во почетната фаза ќе се следи развојот на

дрвцата, нивната реакција на различни подлоги и растојанија, како и ефектите од наводнување и заштитни системи. На друга површина во моментот има сточен грашок, сирак и пченка, како дел од процесот за тестирање практики поврзани со полјоделски култури.

-Македонско-германската соработка во земјоделството и руралниот развој трае повеќе од три децении. Низ годините, таа се менуваше заедно со потребите на земјата – од поддршка во периодот на трансформација, преку зголемување на продуктивноста, пласманот и трговијата, до денешниот предизвик кој станува сè поважен: адаптацијата кон климатските промени. Како имплементатор на проектот, особено е важно резултатите од истражувањата да не останат само во институциите, туку да стигнат до оние што треба да ги применат – земјоделците. Затоа работиме заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа и земјоделските здруженија – истакна Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Оваа активност е дел од поширока регионална поддршка на германската влада за климатска адаптација во земјите од Западен Балкан, насочена кон поефикасно спроведување на мерки во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан. Поддршката опфаќа развој на стратегии и алатки за подобро планирање и донесување одлуки, демонстрациски проекти во земјоделството и урбаниот транспорт, како и регионална размена на знаење и политички дијалог. Демонстрациски активности се спроведуваат во Северна Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, вклучувајќи практични решенија во земјоделството, урбаната мобилност и климатски отпорната инфраструктура. Преку ваквите активности, решенијата се тестираат на терен, се документираат научените лекции и се создаваат модели што можат да се приспособат и применат и во други средини во регионот.

ГИЗ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:германска поддршкагерманска поддршкаЛисичеДолно Лисичеземјоделствопрактики
Претходен напис Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Следен напис Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?