Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Агровести

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Објавено 02/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница.

Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени преку издавањето еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Дел, односно 383,7 милиони евра, бил предвремено исплатен во февруари 2026 година, а остатокот од еврообврзницата кон имателите што не прифатиле предвремена исплата во февруари е исплатен денеска.

– Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја исплативме еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Таа е дел од обврските што како Министерство за финансии редовно и навремено ги сервисираме. Во втората половина од 2024 година, по преземањето на власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарда евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува 4,556 милијарди евра – истакнува министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според Министерството, одлуката за предвремена отплата на еврообврзницата донела заштеди во буџетот од 3,2 милиони евра.  

– Ваквата определба за прудентно управување со јавниот долг ќе продолжи и во наредниот период преку финансирање на потребите на државата навремено и со најнизок можен трошок – се наведува во соопштението од Министерството за финансии. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:2020 година700 милиони евраеврообврзницатаисплатена
Претходен напис Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Следен напис МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?