Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најизразено!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најизразено!
Агровести

Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најизразено!

Објавено 01/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес низ Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но попладневните часови носат можност за промена на временските услови во одредени делови од земјата.

Според најавите, локално ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината можно е краткотрајно дестабилизирање на времето со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурите ќе се движат од околу 12 степени наутро до максимални 32 степени во текот на денот.

До крајот на работната седмица времето претпладне ќе остане променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне локално ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најизразени временски промени се очекуваат во четврток, кога според прогнозите ќе има пообилни врнежи, посилен ветер, интензивни грмежи и можност за појава на град во одделни региони.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:временскаметоролозипрогноза
Претходен напис Масти и масла го отежнуваат процесот на прочистување на отпадните води во Куманово
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?