Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025
Агровести

УЈП: Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025

Објавено 01/06/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка.

– Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – образец „ДБ-ВП” поднесоа 50.465 даночни обврзници, што е повеќе во однос на 49.126 поднесени биланси за претходната година. Овие податоци покажуваат дека најголем дел од даночните обврзници – трговски друштва и понатаму се микро и мали компании кои ги користат поволностите од поедноставениот даночен режим. Кај даночните биланси за оданочување на добивка, по исклучување на даночните обврзници кои согласно закон имаат право на даночни ослободувања (компании во технолошко индустриските развојни зони, заштитни друштва и казнено-поправни установи), даночната основа и пресметаниот данок за 2025 година бележат раст од 14% во однос на 2024 година. По пребивање со аконтативно платениот данок, за доплата остануваат 5 милијарди и 805 милиони денари, за поврат на даночните обврзници се евидентирани 323 милиони денари, додека 4 милијарди и 534 милиони денари повеќе платен данок ќе се користи за подмирување на аконтациите за 2026 година. Нето даночниот ефект за 2025 година е повисок за 33% во однос на претходната година, информира УЈП.

Овие резултати, како што наведува УЈП, првенствено се должат на повисоките добивки кај компаниите и на помалиот износ на користени намалувања на даночната основа во однос на 2024 година.

– Во рамки на поедноставениот даночен режим, компаниите со вкупен приход до 3 милиони денари се целосно ослободени од плаќање данок, додека за приход меѓу 3 и 6 милиони денари се применува данок од 1% од вкупниот приход. Од вкупниот број 50.465 поднесени ДБ-ВП обрасци, данок на вкупен приход пресметале 3.883 даночни обврзници, што како број претставува раст од 8,6% во однос на 2024 година. Нето даночниот ефект кај овој вид оданочување изнесува 45,3 милиони денари и е понизок во однос на претходната година кога изнесуваше 53,5 милиони денари. Овој даночен режим ја потврдува поддршката што даночниот систем ја обезбедува за микро и малите компании преку ниско или целосно ослободено даночно оптоварување. За разлика од компаниите, даночната основа и пресметаниот данок на доход за 2025 година кај трговците-поединици и физичките лица кои се занимаваат со земјоделска и занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги и слободни занимања во однос на 2024 година бележат пораст меѓу 2% и 3%. По пребивање со аконтативно платениот данок, за доплата остануваат 147,7 милиони денари, додека повеќе платениот данок од 54,1 милион денари ќе се пренесе во годишните даночни пријави на граѓаните. Нето даночниот ефект е помал од 2024 година и се должи на поголемиот износ на аконтативно платен данок во текот на 2025 година што го надминува годишниот раст на нето-доходот, а воедно повисок раст имаат и користените даночни намалувања. Овие показатели произлегуваат од обработени 9.921 годишни даночни биланси „ДЛД-ДБ” за 2025 година, што е повеќе во однос на 9.705 биланси за претходната година, појаснуваат од УЈП.

Обврска за оданочување на приходите од стопанска дејност имаат и здруженијата на граѓани, фондациите и другите непрофитни организации кога приходите од вршење стопанска дејност го надминуваат законскиот праг од 1 милион денари годишно.

За 2025 година 247 здруженија и фондации поднеле даночен биланс „ДБ-НП/ВП” и пресметале данок од 1% од остварениот приход од стопанска дејност. Иако бројот на обврзници е помал во однос на 2024 година кога ваков биланс поднеле 1.310 даночни обврзници, пресметаниот данок изнесува 21,7 милиони денари и е повисок од минатогодишниот износ од 19,4 милиони денари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2025даночната основаРастујп
Претходен напис Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Следен напис Девизните резерви 5,2 милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?