Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Совети

Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади

Објавено 27/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Cydia pomonella (Јаболков црв) претставува еден од најзначајните штетници на јаболкото, но исто така ги напаѓа и крушите, оревите и дуњите ширум светот. Кај нас, најголеми економски штети предизвикува во јаболковите насади. Влијанието врз количината и квалитетот на плодовите го прави овој штетник еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат и стручните лица и производителите.

Cydia pomonella е инсект од редот Lepidoptera. Возрасната единка е молец со распон на крилјата од 15–22 mm. Бојата на предните крила е црно-кафеава со бронзени рефлексии.

Јајцата се опалесцентно бели, а во текот на ембрионалниот развој на нив се формира црвеникав прстен.

Ларвата е бела со темна глава и долга околу 1,4 mm, а во полна зрелост добива белузлаво-розеникава боја и достигнува должина до 20 mm. Ова е најштетната фаза која ги предизвикува оштетувањата на плодовите.

Куклата е светлокафеава, со должина до 10 mm. Најчесто се наоѓа во кората на дрвјата или во почвата, во непосредна близина на стеблата.

Развој и генерации

Јаболковиот црв има две до три генерации годишно, зависно од временските услови.

Презимува како ларва во кокон, најчесто во пукнатините од кората или во почвата. Со зголемување на температурите, ларвите се трансформираат во кукли, а првите пеперутки се појавуваат во почетокот на мај.

Најпрво се појавуваат машките единки, а неколку дена подоцна и женките. Најинтензивниот лет е во текот на мај и јуни.

Втората генерација започнува кон крајот на јуни. Во последните години е забележана и појава на трета генерација, а исто така се забележува и преклопување на генерациите поради продолжен лет на пеперутките.

Женките ги полагаат јајцата на листовите, гранките и плодовите. Женките од првата („нулта“) генерација полагаат во просек околу 30 јајца, додека женките од наредните генерации полагаат околу 60 јајца.

Новоизведените ларви продираат во плодот во рок од неколку часа. По завршувањето на развојот, ларвата го напушта плодот и се сместува во засолниште — најчесто пукнатини во кората — каде што формира кожурец за презимување или продолжување на циклусот.

Симптоми на напад

Најчести симптоми кои укажуваат на присуство на јаболков црв се:

  • дупки на плодот придружени со црвен ореол,
  • внатрешни канали и тунели,
  • присуство на измет во плодот,
  • предвремено опаѓање на плодовите,
  • намален квалитет и пазарна вредност на јаболката.

Мониторинг и контрола

Раното откривање на присуството на овој штетник е од клучно значење за успешна заштита.

Мониторингот на летот на пеперутките и доброто познавање на биологијата на штетникот овозможуваат:

  • правилно одредување на времето за третирање,
  • намалување на бројот на третмани,
  • намалување на негативното влијание врз животната средина,
  • подобра економска исплатливост.

Постојат повеќе методи за заштита:

  • хемиски,
  • биолошки,
  • метод со феромонски збунувачи.

Во некои поразвиени земји овие методи се комбинираат за постигнување подобри резултати. Дополнително, во одредени насади се користат и електронски системи и паметни мамци со вградена вештачка интелигенција.

Наш совет

Во нашите производствени услови, најдобри резултати се постигнуваат со редовно користење и следење на феромонски мамци. На тој начин може навремено да се утврдат:

  • почетокот на летот,
  • интензитетот на генерацијата,
  • економскиот праг на штетност.

Во комбинација со пресметка на сумата на ефективни температури, ова овозможува правилно одредување на моментот за примена на инсектициди.

Најважно е третманите да бидат насочени кон:

  • положените јајца,
  • новоиспилените ларви,
    пред тие да навлезат во плодот, бидејќи подоцнежната контрола е значително потешка и помалку ефикасна.

Извор: sovetodavna

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:Cydia pomonellaекономски штетникЈаболков црвовошните насади
Претходен напис Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Следен напис Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?