Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Агровести

СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески

Објавено 26/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Северна Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција.

Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска соработка и интеграција на бизнисот. При доделувањето на признанијата, во рамки на средбата помеѓу бизнис заедниците од двете држави, претседателот Азески посочи дека со оваа награда бизнис заедницата им оддава благодарност на двајцата премиери за нивната континуирана заложба и посветеност во насока на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и создавање нови можности за бизнис-заедницата.

Андреј Пленковиќ, како лидер на земја членка на Европска Унија, со своето искуство и активен ангажман дава значајна поддршка на процесите на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, пренесувајќи знаење, практики и стандарди кои придонесуваат за побрзо усогласување со европското законодавство и деловна култура. Посветеноста кон зајакнување на економските врски помеѓу двете држави е потврдена и со последната одлука на Хрватска за одобрување на можноста за издавање долгорочни визи за професионалните возачи со што се продонесува за надминување на проблемот со престој во шенген зоната.

Проф. д-р Христијан Мицкоски, како што вели Азески, преку својата посветеност на економските реформи, подобрувањето на инвестициската клима и зајакнувањето на регионалните економски врски, активно работи на позиционирање на Република Северна Македонија како доверлив партнер и атрактивна дестинација за инвестиции. Неговите заложби за унапредување на инфраструктурната поврзаност, дигиталната трансформација и поддршката на приватниот сектор создаваат основа за одржлив економски раст и поголема конкурентност.

Во своето обраќање на заедничкиот деловен настан кој се одржа во Охрид на бизисмените од двете држави (Хрватска и Македонија), Азески вели –  човекот сигурно не работи за да добие признание, но може да се каже дека не е рамнодушен кога другите изразуваат почит кон неговата работа. Признанието доаѓа неочекувано на различни начини, но најчесто го сугерираат пријатели и следбеници кои знаат што значи тоа. Особено значајни се признанијата што доаѓаат од странство, а најмногу од деловни здруженија. На овој начин се дава признание за долгорочни ангажмани за подобрување на соработката меѓу земјите. Сепак, тоа е признание и голема обврска да се удвојат напорите што се вложени досега за државата и општеството да одат напред.

Зошто најголемата и најбројната бизнис заедница во нашата земја ги избра овие двајца господа за таков гест на почит? Бидејќи нивната политичка работа со децении е доминирана од бизнисот и економијата, особено регионалната соработка. Го познавам г-дин Пленковиќ уште од Мостарскиот саем, а г-дин Мицкоски уште од времето кога работеше во Електростопанството на Македонија и отсекогаш се залагал за развој на бизнисот и економска соработка. Нашата комора годинава слави 104-годишнина и е членка на сите светски коморски здруженија.

На бизнис средбата помеѓу двете земји во присуство на премиерите и економски министри од двете земји присуствуваа и првите луѓе на Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, ИГМ Трејд Кавадарци, Макпрогерс Виница, Кожувчанка Кавадарци, Тиквеш АД Кавадарци, МЕПСО АД Скопје, кои ја презентираа заинтересираноста за поголема соработка но и остварување нови деловни партнерства.

Билатералниот настан од ваков тип е основа за заеднички, преку визија заснована на соработка, интеграција и споделени европски вредности, да се работи на  создавање на поинтегриран регион, во кој економиите се поврзани, а бизнисите имаат поголеми можности за развој, раст и интернационализација.

СКСМ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АзескибизнисПленковиќпризнание
Претходен напис ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови 
Следен напис Сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?