Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕМО стана полноправна членка на AIB: Македонските гаранции за потекло чекор поблиску кон влез во европскиот систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕМО стана полноправна членка на AIB: Македонските гаранции за потекло чекор поблиску кон влез во европскиот систем
Агровести

МЕМО стана полноправна членка на AIB: Македонските гаранции за потекло чекор поблиску кон влез во европскиот систем

Објавено 20/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите на Европската Унија и земјите од Енергетската заедница, Македонија е чекор поблиску до приклучување кон Европскиот систем за издавање, пренос и признавање на Гаранции за потекло, кои претставуваат единствен и меѓународно признат доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.

На Генералното собрание присуствуваа генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, и Денко Рафајловски, раководител на Службата за поддршка на обновливи извори на енергија во МЕМО, заедно со претставници на национални издавачки тела, оператори на пазари на електрична енергија, регулатори и институции од повеќе европски држави членки на AIB.

-Со полноправното членство на МЕМО во AIB, македонскиот систем за Гаранции за потекло ги спроведува неопходните процедури потребни за натамошно приклучување кон Европскиот систем за енергетски сертификати – EECS, што ќе овозможи сигурно, транспарентно и меѓународно признато издавање и тргување со сертификати за зелена електрична енергија. Од голема важност е натамошната интеграција на домашниот електроенергетски пазар со европскиот пазар на енергија со цел отворање нови можности за производителите на електрична енергија од обновливи извори, снабдувачите и компаниите како доказ дека користат зелена енергија согласно европските ESG и декарбонизациски стандарди. Членството во AIB ќе придонесе за зголемување на довербата, конкурентноста и атрактивноста на македонскиот пазар на обновлива енергија, изјави Ѓорѓиевски.

Во април 2025 година, МЕМО, во соработка со Grexel – водечка европска компанија во оваа област, успешно го имплементираше електронскиот систем за Регистарот на гаранции за потекло, согласно правилата на EECS и стандардите на AIB.

-Од тогаш до денес издадени се 500 илјади Гаранции за потекло на електрична енергија. Секоја гаранција за потекло претставува еден мегават-час (MWh) електрична енергија произведена од обновливи извори и овозможува транспарентно следење на потеклото на енергијата – од производителот до потрошувачот. Гаранциите се тргуваат на отворени пазари и претставуваат важен инструмент за промоција на обновливата енергија и за обезбедување сигурност и избор за потрошувачите во однос на изворите на енергија. AIB претставува основа за транспарентен и ефикасен трансфер на зелени сертификати меѓу државите преку поврзување на националните регистри преку AIB Hub. Минатата година МЕМО стана член-набљудувач на AIB, како прв чекор кон полноправното членство, што е предуслов за воведување на Гаранции за потекло кои ќе бидат признати и тргувани во земјите членки на Европската Унија. Продолжуваме да градиме современ енергетски пазар усогласен со европските регулативи, рече Рафајловски.

AIB, со седиште во Брисел, е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на гаранции за потекло.

МЕМО, како што наведува, останува посветен на развој на транспарентен, ефикасен и европски усогласен пазар на електрична енергија. 

МЕМО

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:AIBевропскиот системмемополноправна членка
Претходен напис На 13.06.2026 година, во 10:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на МЗШВ
Следен напис Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?