Цветот од багрем, треба да се чуваат за зимата. Овој меден изданок се смета за најефикасен во третманот на кашлица, ја намалува покачената телесна температура. Фитофармацевтите велат дека по берењето, цветовите се сушат во сенка и на мал провев. По сушењето, треба да се чуваат во добро затворени садови, за да не ја изгубат својата арома.
Чајот од цвет од багрем се користи и за ублажување на запек, додека самата есенција на цветот нашла голема примена во хомеопатијата. Хомеопатите најчесто го препорачуваат за третман за болки во желудникот, мигрена и болна невралгија на фацијалните нерви (невралгија тригеминус).

Медот од багрем е еден од најценетите видови мед. Останува во течна состојба со месеци и кристализира многу бавно, бидејќи содржи повеќе фруктоза отколку гликоза. Има благ и пријатен вкус, лесно се вари, па затоа се препорачува за деца и за оние кои страдаат од слаб имунитет.
Цветот од багрем може да се јаде. Варените семки од цветовите од багрем можат да го заменат гравот, додека пржените цветови од багрем се вистински специјалитет.
Чајот направен од сушени цветови од багрем се подготвува на следниов начин: додадете една полна лажичка во 250 мл топла вода и оставете да отстои три минути. Пијте две или три чаши чај дневно.
Во народната медицина, чајот направен од цветови од багрем се препорачува за намалување на ревматски болки, забоболки, а ефикасно делува и во случај на киселина, гастритис и чир на желудник.
