Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конференција: Да се креира платформа за борба против корупцијата во која ќе се вклучат сите општествени чинители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конференција: Да се креира платформа за борба против корупцијата во која ќе се вклучат сите општествени чинители
Агровести

Конференција: Да се креира платформа за борба против корупцијата во која ќе се вклучат сите општествени чинители

Објавено 14/05/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не само јавниот, туку и приватниот сектор треба активно да се вклучи во борбата против корупцијата. И невладините организации, исто така, науката, академиците, стопанските комори, граѓаните, на сите нивоа. Секој треба јавно да зборува и да кажува со какви конкретни примери на корупција се соочил. Неопходно е креирање заедничка платформа во која ќе учествуваат сите општествени чинители. Само така ќе може да се стори нешто конкретно, наспроти досегашните, главно декларативни заложби кои не дадоа голем резултат, порачаа учесниците на денешната конференција „Бизнис интегритет за конкурентна економија“.

Како што беше речено, бизнис интегритетот не е товар, туку предност, а посветеноста на транспарентноста ги прави малите и средните претпријатија многу поконкурентни и им дава многу поголема предност. 

– Јавниот и приватниот сектор се меѓусебно поврзани, а нивната меѓусебна комуникација е клучна во борбата против корупцијата. Со подигнување на интегритетот во јавниот сектор, ќе се подигне интергитетот и во приватниот сектор. Корупцијата е двострана и без интегритетен првиватен сектор, нема интегритетен јавен сектор и обратно, истакна претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, корупцијата е тема од која високите владини, па и бизнис претставници најчесто бегаат. Малите и средните претпријатија се соочуваат со овој проблем на шалтерите во институциите.

– Корупцијата се решава со формирање платформа во која ќе учествуваат сите. Јас не гледам дека во Македонија учествуваат сите. Ги нема клучните чинители – универзитетите, Академијата, невладиниот сектор,… Ако сите што седиме овде посочиме по еден пример до ДКСК, вклучувајќи ги Владата, приватниот и невладиниот сектор, ќе ја поттикнеме работата. Знаеме дека има превработеност во државната администрација, 150 000 луѓе најмалку. Тоа е основата за корупција. Ја повикувам ДКСК да види – има пет институции што немаат никаква задача, на пример, Агенција за регулирање на железничкиот сообраќај. За монополска позиција имаме агенција за регулирање. Што регулира? Изминатите 35 години самостојност сменивме 12 премиери, 18 министри за транспорт и за финансии, 15 министри за економија, 21 за екологија,… нови политики, методолгоии, закони, поравилнци и исе вртиме во круг. Кога ќе сфатиме и дали знаеме што е интегритет?, рече Азески.

Според него, проблемот со корупцијата не може да го реши ниту една влада, ниту една комора и ниту една комисија, туку народот.

– Треба да се направи платформа што ќе биде поддржана од цел народ, од сите институции. Ако првиот човек краде, сите крадат, но ако дојде некој чесен, нема никој да краде, заклучи Азески и уште еднаш апелира на потребата од намалување на бројот на вработените во јавната администрација.

На конференцијата учествуваше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој напомена дека Македонија мора да ги заштитиме домашните компании.

Според него, нашите мали и средни фирми на отворен, либерален систем не се неконкурентни.

-Прашањето е дали сакаме да бидеме фини пред јавност, пред публика, во извештаи и да зборуваме за транспарентност, за отчетност или сакаме да ги гледаме работите какви што се, да се погледнеме во огледало и да признаеме дека имаме суштински проблеми кои треба да се решат доколку сакаме да ни преживее стопанството и доколку сакаме да не трпиме надворешни влијанија кои се надвор од стратешката ориентација на државата, подвлече Николоски. 

Конференцијата беше организирана во рамки на ЕУ кофинансираниот проект „Бизнис со интегритет Северна Македонија – Мобилизирање на малите и средните претпријатија (МСП) како лидери против корупција“. Присуствуваа Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото, КАС Југоисточна Европа, германската амбасадорка Петра Дрекслер, заменикот-шеф на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, претседаталката на Асоцијацијата на бизнис жени Валентина Дисоска, како и финанскиот менаџер и офицер за усогласеност во Маркарт Македонија, Снежана Здравеска. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Конференцијакорупцијатаопштествени чинителиплатформа
Претходен напис Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
Следен напис Вицепремиерот Сали на средба со членовите на УО на СКСМ и Бизнис клубот Европа: Искористеноста на ЕУ фондовите за развој на бизнис секторот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?