Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 14.05.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 14.05.2026 година
Агровести

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 14.05.2026 година

Објавено 14/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатите денови имаше периоди на променливо облачно со сончеви периоди и топло време, со повремени локални врнежи од дожд на некои места.

Ова е период на интензивно расадување на тутунот, и на градинарски култури на отворено. Во наши услови, најдобри резултати во прилепскиот регион се постигнати кога тутунот се расадува во првата половина на мај. Тутунот е топлољубиво растение и во сите фази од својата вегетација бара релативно високи температури. Минималната температура за развиток е од 8°C до 10°C, оптимална 20°C до 30°C, а максималната меѓу 40°C до 50°C. На температура околу 0°C, доаѓа до загинување на растението, особено се тешки последиците од превисоки температури. Обезбеденоста на вода при садење на тутунот има важна улога заради подобро вкоренување. Кај виновата лоза во некои региони, веќе е во тек фазата на потерување на пупките и пораст на ластарите. Како најважен надворешен фактор за почеток на потерување на пупките е температурата и влажноста на воздухот. Температура од 10°C се смета за биолошка нула, поради тоа што на пониска температура не започнува оваа фенофаза. Во оваа фенофаза доаѓа до пораст на ластарите и развој на органите што се наоѓаат на нив: лисја, цветови и др. За време на траењетo на оваа фенофаза треба да се извршуваат повеќе агротехнички мерки како што се плевење (лачење), врзување и поткршување на ластарите, заштита против болести и штетници , уништување на плевелите и др. Оваа фенозфаза се испреплетува, односно продолжува и во следните фенофази. Додека во некои региони виновата лоза се наоѓа во фаза цветање и оплодување. Во услови кај нас, оваа фенофаза започнува средината на мај се до првата половина на јуни. Таа просечно трае 20 дена. Овошките исто така во овој период се во интензивен раст, се препорачува да се продолжи со нивна прихрана и третирање против болести и штетници.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците може да продолжат со изведување на работи во поле, прихрана, садење на одредени топлољубиви култури, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, уништување на плевели, внесување на ѓубрива, како и други земјоделски активности.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4°C до 12°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 17°C до 26°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културиСостојба
Претходен напис Во Охрид 10. Регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати
Следен напис Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?