Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Едукативна и музичка програма во Гевгелија за Светскиот ден на пчелата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Едукативна и музичка програма во Гевгелија за Светскиот ден на пчелата
Агровести

Едукативна и музичка програма во Гевгелија за Светскиот ден на пчелата

Објавено 13/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со повеќе едукативни и креативни активности, музичка програма, како и посета на пчеларник денеска во Гевгелија ќе се одбележи Светскиот ден на пчелата. Настанот е во организација на Адвентистичката служба за социјална заштита – АДРА Македонија, амбасадата на Република Словенија, Пчеларската федерација на Македонија, а домаќин е Општина Гевгелија.

Програмата ќе се реализира под мотото „Bee the SDG Solution – Solution for Sustainable Development“, со цел подигнување на јавната свест за значењето на пчелите и останатите опрашувачи за одржливиот развој и зачувувањето на животната средина.

Организаторите најавуваат дека одбележувањето ќе започне со посета на пчеларската фарма „Алчинов“ во Мрзенци, а официјалното отворање на настанот е закажано за 11 часот на Градскиот плоштад во Гевгелија. Пред присутните ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски,  градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер, како и претседателот на Пчеларската федерација на Македонија, Игор Илков.

Програмата предвидува едукативни и креативни активности подготвени од деца од градинките и од основните училишта од Гевгелија, а посетителите ќе имаат можност да го проследат симболичниот перформанс „One Flight“, активноста „Honey Post – пораки до иднината“, како и „Honey Oath – From Triglav to Vardar“, со порака дека пчелите ги поврзуваат народите и природата. На настанот ќе биде отворен пчеларски штанд, а ќе се одржи и изложба на уметнички творби, додека во муичкиот дел ќе настапат културно-уметнички друштва од Гевгелија.

Светскиот ден на пчелата се одбележува на 20 мај, во чест на раѓањето на Антон Јанша, пионер на современото словенечко пчеларство, а пред десет години овој ден е официјално признат од Обединетите нации како глобален повик за заштита на пчелите и биодиверзитетот. 

МИА

Може да ви се допадне

Во Дебар вечерва трето запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 
Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Таг:ГевгелијаЕдукативнапрограмапчелата
Претходен напис Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи
Следен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?