Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 07.05.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 07.05.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 07.05.2026 година

Објавено 08/05/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатата седмица кон крајот на неделата на некои места имавме ниски температути кои се спуштија под нула и предизвикаа појава на мраз. Овие ниски утрински температури со појава на мраз можат да се одразат негативно на земјоделските култури а најмногу на овошните видови. Овие доцни пролетни мразеви претставуваат голема опасност за земјоделските култури, особено кај овошките и виновата лоза, и можат да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, значително да ги намалат приносите бидејќи растенијата тогаш се во фаза на интензивен раст.

Овошките се често изложени на опасност од доцни пролетни мразeви. Мразот може да ги уништи новоформираните плодови и цветови, што директно го намалува приносот, особено кај чуствителните култури како што се праската, кајсијата и црешата. При температурa од -1°C до -2 °C страдаат зачетоците на плодовите, а при температурa од -2°C до -3°C страдаат цветовите. Младите плодови се чуствителни на -0,5°C до -2°C. Може да се јават деформации, некротични дамки, пукање. Може да дојде и до оштетување на листовите и младите ластари. Генерално, доцните мразеви доведуваат до нарушување на репродуктивната фаза, намалување на ефикасноста на оплодување, физиолошки стрес и зголемена осетливост на болести.

Ниските температури во мај се особено опасни и за лозовите насади бидејќи тогаш лозата е во фаза на интензивен раст и пораст на ластарите. Додека во зима лозата може да издржи екстремни минусни температури, во мај зелените делови се исклучително чуствителни. Главните ефекти од ниските температури во овој период се: замрзнување на зелените изданоци и лисја. Младите изданоци и лисја умираат на температура од -2,5°C. Оштетените делови брзо венеат, стануваат водени, поцрнуваат и се сушат како да се „изгорени“. Доцните мразеви во мај често ги уништуваат главните пупки на окцата, кои се најплодни и најродни, и може да се изгуби голем дел од приносот. Во таа година, доколку се оштетени лозата активира секундарни пупки, но приносот од нив е значително помал или воопшто нема. Ако се појави мраз непосредно пред цветањето, цветовите можат да се исушат и да паднат, што директно го уништува посевот за таа сезона. Дури и температурите под 10°C во мај значително го забавуваат метаболизмот и растот на растението, дури и ако нема видлив мраз.

Оптимално за раст е од (20°C до 30°C ). Штети од ниските температури може да се јават и кај поледските култури. Ниските температури го забавуваат растот и можат трајно да ги оштетат младите растенија од пченка и пченица, намалувајќи го нивниот потенцијал за принос. Температурите близу или под 0°C драстично ја забавуваат дисимилацијата и метаболичките процеси кај растенијата, што доведува до застој во развојот.

Заштитата од доцните пролетни мразеви кај земјоделските производители треба да биде клучна бидејќи тогаш вегетацијата е во полн ек, а растенијата се најчуствителни. Постојат повеќе методи и мерки за заштита, како што се превентивни и активни мерки, тука спаѓаат: задимување (димење), оросување (вештачки дожд), загревање, мешање на воздухот, избор на сорти отпорни од ниски температури, покривање со материјал, биостимулатори и „анти-фриз“ препарати, варосување на стебла и др. Изборот на најповолниот метод зависи од економските фактори.

Времето во следниот период ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.

Доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците може да продолжат со изведување на работи во поле, прихрана, садење на одредени топлољубиви култури, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, уништување на плевели, внесување на ѓубрива, како и други земјоделски активности.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6°C до 15°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 16°C до 32°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културиСостојба
Претходен напис Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Следен напис Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?