Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Агровести

Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани

Објавено 08/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање активности ако има потреба.

Ова денеска го изјави директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, која рече дека хантавирусот не е нов вирус и има два типа, од кои едниот е европско-азискиот, кој е со ренални симптоми, а другиот е тој што сега е откриен на крузерот што пловел на Атлантскиот Океан, а тоа е американскиот, кој дава респираторна симптоматологија. Посочи дека граѓаните може да бидат спокојни бидејќи се информирани од СЗО дека на бродот не постои македонски државјанин, ниту како патник ниту како член на екипажот.

– Без оглед што ваков тип не е дијагностициран во моментот, се препорачува граѓаните да имаат високо ниво на хигиена, особено да избегнуваат храна од магацини, пазари, семки, сончогледи и конзерви, кои стоеле во магацини или на отворено и кои може да бидат евентуално контаминирани со некаков секрет или екстрет од страна на каков било глодач. Значи, да внимаваат особено на тоа. Како ИЈЗ препорачуваме задолжителната дератизација, што треба да ја прават општините двапати во годината, да биде спроведена адекватно и соодветно – рече Андоновска.

Потенцира дека првиот тип на хантавирус бил дијагностициран во Македонија во 2015 година и досега имало 32 случаи, од кои тројца починале.

– Пред 2015 година немало можност за докажување на хантавирусот. Од 2015 година во ИЈЗ постои можност за негово дијагностицирање. Во 2018 година имаше епидемија од хантавирусот на едно бачило во Гостиварско, каде што практично луѓето што биле таму се заразиле од глодачи. Овој што веќе сме го имале во Македонија се пренесува само од глодач на човек и не се пренесува од човек на човек и симптоматологијата му се разликува од оној што е детектиран на крузерот. Располагаме со целосна опрема, кадар и реагенси за натамошно постапување, но не веруваме дека ќе дојде до такво нешто – истакна Андоновска.

ИЈЗ, појасни Андоновска, е подготвен со протоколи доколку има потреба од каква било реакција, а воедно ги поседува потребните реагенси, опрема, кадар, методологија за дијагностика ако има потреба.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ова не е ковид.

– Ковидот беше нешто ново, а овој вирус веќе постои и имаме сознанија за него. Една од варијантитите веќе сме ја имале во државата и не се пренесува толку бргу. Дури и респираторниот, кој е докажан на крузерот, се пренесува како првиот – од глодач на човек, но постои можност за пренос од човек на човек. Ние немаме информации дали станува збор за некаква мутација, која е надвор од она што го има во книгите, но веруваме дека ситуацијата ќе биде нормализирана – додаде Андоновска. 

Холандска брачна двојка и германски државјанин починаа од хантавирус на бродот „МВ Хондиус“, кој плови на Атлантикот. Потврдени се вкупно пет случаи на зараза со вирусот на бродот, а постојат уште три сомнителни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Андоновскамакедонските граѓанипаникахантавирусот
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 07.05.2026 година
Следен напис Божиновска: Ако е потребно повторно ќе се разговара со ОКТА за продолжување на попустот за горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?