Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финансиска стабилност бараат ветеринарните друштва, во спротивност постои опасност руралните средини да останат без ветеринарни лекари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финансиска стабилност бараат ветеринарните друштва, во спротивност постои опасност руралните средини да останат без ветеринарни лекари
Агровести

Финансиска стабилност бараат ветеринарните друштва, во спротивност постои опасност руралните средини да останат без ветеринарни лекари

Објавено 24/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ветеринарните друштва бараат исплата на заостанатите финансиски средства од минатата година и зголемување на цените за да се обезбеди одржливост на ветеринарната професија. Во спротивно, постои опасност во блиска иднина руралните средини да останат без ветеринарни лекари.

Од Ветеринарната комора посочуваат дека ветеринарната професија е една од петте најнеплатени професии во државата и дека тоа иницира недоволен интерес и кај младите за изучување на ветеринарната медицина. 

– Еден од најакутните проблеми е немањето доволно финансиски средства што државата ги одвојува во однос на здравствената заштита на животните и кратењето на буџетот. Да не го заборавиме моментот дека ветеринарната професија е меѓу петте најнеплатени професии во нашата држава, што имплицира недоволен интерес кај младите за изучување на ветеринарната медицина и акутен недостиг на ветеринари за третман на фармските животни. Значи, руралните средини во блиска иднина ќе останат без ветеринари лекари. Тоа значи дека ако ветеринарната професија е одговорна за јавното здравје во државата, тоа значи дека се загрозува здравјето и на животните и на луѓето – вели Томислав Николоски, извршен директор на Ветеринарната комора.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се подготвува нова одлука за висината на надоместоците и дека со ребалансот на буџетот ќе биде познато колку дополнителни средства ќе бидат одобрени. 

– Со претставници  од Ветеринарната комора и Владата разговаравме за корекција на цените. Дали тоа ќе биде во висина од 40 или 50 проценти ќе се знае откога ќе биде донесен рабалансот. Што се однесува до нас, во финална фаза е подготовката за тоа. Заостанатите обврски од 2025 година се доставени за исплата до трезор и во согласност со утврдената динамика од Министерството за финансии се врши исплатата на финансиските средства – вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Во финална фаза е и законот за здравје на животните, кој предвидува регионализација во рамките на осумте региони. 

– За решавање какви било проблеми во согласност со договорот што го постигнавме со Ветеринарната комора, еднаш до двапати месечно ќе одиме во посета на секој од регионите со цел нивно заедничко надминување – појаснува Миланов.

Смета дека е потребен системски пристап, кој ќе биде во насока на подобро вреднување на трудот на оваа категорија вработени и дека од суштинска важност се и прашањата што се однесуваат на зголемување на интересот на новите генерации за оваа професија за што, вели, потребно е вклучување на повеќе фактори во опшетството.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ветеринарни лекариветеринарните друштваФинансиска стабилност
Претходен напис Започна проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
Следен напис УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?