Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово
Агровести

Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија, Струмјани – Берово, може да почне по потпишаните потребните еколошки процедури во Министерството за животна средина и водни ресурси, пренесува БНР.

– Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на царината и граничната контрола – изјави градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев.

Паралелно со овие процедури, Илиев вели дека биле преземени активности за координација на институциите поврзани со одобрувањето на овој проект поради што смета дека работите може да се случат многу побргу. 

Осумкилометарската траса на патот до границата е исто така веќе одобрена, а избрана е пократката и поеколошка опција. Носител на проектот е локалната самоуправа на регионот Благоевград и Агенцијата за патна инфраструктура, а трошоците за негово спроведување изнесуваат 5,5 милиони евра. 

Градоначалникот на општина Струмјани изрази уверување дека новиот граничен премин меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде оперативен до крајот 2029 година. 

– Исто така, постои загриженост од страна на раководството на програмата „Бугарија – Македонија“ дека таа нема да го достигне крајот на програмскиот период, но ние ќе направиме сè што е можно како локална самоуправа и, секако, со локалната администрација, која е корисник, сето ова да се случи во рамките на овој програмски период од 2027 до 2029 година – изјави Илиев. 

Македонската Царинска управа во октомври 2024 година почна активности за проектот за воспоставување на новиот граничен премин Струмјани – Берово (Клепало) со Бугарија, со инвестиција од 3,7 милиони евра. За овој проект обезбедени се 3,1 милиони евра грант од ИПА 3-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално кофинансирање. 

Отворањето на преминот Клепало се очекува да ја зајакне регионалната поврзаност олеснувајќи го сообраќајот на луѓе и стоки и да создаде услови за економски развој и туризам во Малешевскиот крај. 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Бугарските институцииграничниот преминизградбатаСтрумјани - Берово
Претходен напис Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
Следен напис МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?