Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот
Агровести

МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, информира дека склучи патрон партнерство со Property One Group и TGG, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите членки во процесот на пронаоѓање, дизајнирање и опремување на деловни простори, стои во соопштението од МАСИТ што МИА го објавува интегрално.

Ова партнерство претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за раст и развој на ИКТ секторот, преку обезбедување интегрирани услуги кои ги опфаќаат сите фази – од избор на соодветна локација, преку архитектонско и ентериерно уредување, до целосно опремување на канцелариски простори.

Како дел од оваа соработка, компаниите членки на МАСИТ ќе имаат пристап до ексклузивни поволности, меѓу кои: можност за добивање на гратис проект за ентериерен дизајн или избрано парче мебел при уредување на нов деловен простор, 30 проценти попуст за користење coworking простори, идеално за компании во транзит што овозможува непречено работење и флексибилни решенија за мебел за стартапи, со специјални попусти, наменети за поддршка на новите растечки компании.

Преку своите специјализирани сегменти – Property One Real Estate & Development, Property One Office Furniture, Parallel Group Architects и Property One Co-Work – Property One Group нуди комплетно, интегрирано „end-to-end“ решение, овозможувајќи им на компаниите да соработуваат со еден координиран партнер во сите фази од процесот, од концепт до финална реализација.

Од аспект на МАСИТ, ова партнерство претставува важен чекор во обезбедување на практична поддршка и додадена вредност за членките, особено во делот на креирање современи и функционални работни средини.

„Со оваа соработка, нашата цел е да им овозможиме на компаниите брз и лесен пристап до квалитетни и флексибилни решенија кои директно придонесуваат кон нивниот раст, ефикасност и модерно деловно работење,“ истакнуваат од МАСИТ.

Со оваа иницијатива, МАСИТ, заедно со Property One Group и TGG, ја потврдуваат заедничката мисија и посветеност кон унапредување на деловната заедница и поддршка на една од најдинамичните индустрии во земјата.

МАСИТ

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Property One GroupTGGИКТ секторотМАСИТпартнерства
Претходен напис Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово
Следен напис Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?