Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
Агровести

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно,  во услови на кревко примирје на војната против Иран.

Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри).

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за завршување на војната.

Во меѓувреме, властите во Техеран сметаат дека се во поповолна позиција поради затворањето на Ормуската Теснина што е важна поморска рута во трговијата со нафта.

Отсуството напредок во разговорите за прекин на конфликтот ги вознемири стоковните берзи. Од почетокот на неделава северноморската нафта поскапе за речиси седум долари по барел, додека американската сирова нафта за речиси четири долари.

Аналитичарот Денис Кислер од „BOK Financial Securities“ очекува цените да продолжат да растат се додека една од страните не попушти, оценувајќи дека преговорите се во ќор-сокак.

„Колку подолго нема проток на нафта низ Ормуската Теснина, толку повеќе ќе растат цените“, додаде Кислер.

Вашингтон и Техеран остануваат спротивставени по неколку клучни прашања за ставање крај на војната, вклучително и иранската нуклеарна програма. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Нафтата поскапувапримирјетрет ден
Претходен напис Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
Следен напис Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?