Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
Агровести

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени

Објавено 15/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниту еден литар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.  

Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати рече дека и во него има проток на нафта.

– Состојбата е стабилна, непроменета, конзумот е ист, не паѓа. Имаме денови со над два милиони литри кога се испорачува дизел гориво и безоловен за нашите граѓани, но и за соседните земји. Факт број 2, имаме убедливо најниски цени на горива во регионот. Факт број 3, единствена држава во оваа регулирана недела ги намали цените на дизелот и на бензините, факт број 4, стабилни сме како никогаш до сега, факт број 5 веќе не коленичиме да бараме милост. Така ќе продолжи оваа Влада да работи, стабилно во интерес на граѓаните, рече Мицкоски. 

За тоа дали после 20-април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека она што го следи најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела.

– Барем утрово ги следам, тие се движат на ниво кое што е 90-91 долар за барел и американскиот продукт ВТИ и Бренд продуктот. Ги следам во минута и очекувам да имаме намалување и следниот понеделник. Што се однесува до кризната состојба, на вчерашната владина седница се донесе одлука таа да се продолжи уште одреден период. Ќе имаме дополнителна седница на која што ќе донесеме мерка за се уште да го држиме данокот на додадена вредност на 10 проценти наместо на 18 проценти, во зависност од цените на берзите така ќе бидат и акцизите. Има таму согласно закон колкави треба да бидат тие попусти, рече Мицкоски. 

Попустот со ОКТА, како што кажа, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел горивото. – Тоа е од прилика 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, да биде барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар по литар – рече Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Мицкоскистабилна
Претходен напис Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии
Следен напис РКЕ: Завршува грејната сезона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?