Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште
Агровести

Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште

Објавено 08/04/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според член 51-а од Законот за земјоделско земјиште, на земјоделско земјиште по претходна согласност од Министерството и издадено одобрение согласно со овој закон, може да се изградат оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи и објекти за спортско рекреативни активности и помошни објекти, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.

За објектите од ставот 1 на овој член, одобрение за градење по претходно поднесено барање, во управна постапка издава општината на чие подрачје се наоѓа земјоделското земјиште, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

За изградбата на градбите од членот 4 точка 12 на овој закон, изработката на проектната документација, ревизијата на проектна документација, надзорот над изградбата, измените во текот на градбата, промената на инвеститорот, отстранувањето на објектот и прекршочните одредби се применуваат одредбите од Законот за градење.

Изградбата на градбите од ставот 3 на овој член може да ја врши правно лице со лиценца Б за изведувач, проектирањето правно лице со лиценца Б за проектирање, надзорот правно лице со Лиценца Б за надзор над изградбата.

Техничкиот преглед за овие градби го врши надзорниот инженер и изготвува извештај за извршен технички преглед согласно со Законот за градење.

Кон барањето за издавање на одобрение за изградба на градбите од ставовите 2 и 3 на овој член се поднесува: – уверение за државјанство за физичко лице, односно извод од централен регистар за правно лице,

– доказ за сопственост или договор за закуп на земјоделско земјиште во

државна сопственост,

– копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради

објектот,

– основен проект за објектот на кој е извршена ревизија и

– согласност од Министерството за градење на објектот.

Службеното лице од Министерството кое ја води постапката по службенадолжност ги прибавува доказите за исполнување на условите од ставот 6 алинеите 1, 3 и 5 на овој член, во рок од три дена од поднесувањето на барањето од надлежен јавен орган.

Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот 7 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето од надлежен јавен орган.

Одлуката од ставот 7 на овој чeн донесена заради донесување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место, државната урбанистичка планска документација, локалната урбанистичка планска документација, урбанистичко планската документација за туристичка развојна зона и урбанистичко планската документација за автокамп со кои предмет на планирање е една градежна парцела, престанува да важи доколку за градбата планирана на земјиштето кое е пренаменето, во рок од три години од денот на влегувањето во сила не се обезбеди одобрение за градење и не се започне со градежни активности согласно со одобрението за градење.

Владата на Република Македонија на предлог на Министерството донесува одлука за престанувањето на одлуката за трајна пренаменa согласно со ставот 11 на овој член.

Доколку се исполнети условите од ставовите 3 и 4 на овој член, а во случаите од ставот 7 на овој член доставено е и мислење дека објектот може да се приклучи на соодветната инфраструктура и дадена е согласност на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, општината од ставот 2 на овој член е должна во рок од пет работни дена да издаде одобрение за изградба на објект или оранжерија на земјоделско земјиште.

По изградбата на објектот или оранжеријата, барателот е должен да го извести надлежниот орган за завршувањето со изградбата, а надлежниот орган е должен во рок од 15 дена да состави извештај во кој ќе констатира дали објектот е изграден согласно со издаденото одобрение. Извештајот во кој е констатирано дека изградбата на објектот или оранжеријата е во согласност со одобрението се доставува до Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството и Државниот инспекторат за земјоделство и истиот претставува основ за упис на правото на сопственост на објектот во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, како право на сопственост на објект или оранжерија на земјоделско земјиште.

Постапка за издавање согласност за градење на помошни објекти, оранжерии на земјоделско земјиште

Објектите или оранжериите од ставот 1 на овој член изградени од закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост, по престанувањето или раскинувањето на договорот за закуп, дотогашниот закупец е должен да ги отстрани во рок од 30 дена од денот на истекувањето или раскинувањето на договорот за закуп.

Објектите или оранжериите од ставот 1 на овој член изградени од закупец на земјоделско земјиште во државна сопственост, по престанувањето или раскинувањето на договорот за закуп, врз основа на овој закон ги отстранува државата на сметка и трошок на сопственикот, доколку дотогашниот закупец не ги отстрани во рокот од ставот 11 на овој член.

Уредувањето на земјоделско земјиште кое, во смисла на овој закон, е изградба на објекти на комунална инфраструктура, заради обезбедување на непречен пристап од јавен пат до земјоделско земјиште за кое е издадено одобрение за градење, поставување на водоводна, канализациона (фекална и атмосферска), електрична, ПТТ и друга инсталација со приклучоци до местото каде што ќе се гради објектот, во целост го врши инвеститорот на свој трошок.

Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-sVpi.pdf

https://pro.agrotim.mk/rubrika/zakoni-i-pravilnici

Што содржи Правилникот за барањето за издавање на одобрение за градење на земјоделско земјиште

Може да ви се допадне

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Албанија и Косово ја зајакнуваат  соработката во областа на земјоделството
Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Таг:законотземјоделско земјиштеизградетеобјекти
Претходен напис Сточарството е сè повеќе погодено од климатските промени – трите најзагрозени животински видови
Следен напис Постапка за издавање согласност за градење на помошни објекти, оранжерии на земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?