Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Органско производство

Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна

Објавено 03/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Законот за органско земјоделско производство беше усвоен во Собрание, означувајќи важен чекор кон развојот на земјоделството и усогласувањето на државата со европските стандарди.

Кои се барањата за производство на органска преработена храна?

(1) За производство на органска преработена храна се применуваат барањата утврдени во овој член, како и барањата утврдени во членовите 11, 12 и 13 од овој закон.

(2) Прехранбените адитиви, помошните средства при преработка и другите супстанции и состојки кои се употребуваат во преработката на храна, како и сите применети практики на преработка, како што е чадењето, мора да бидат во согласност со начелата за добрата производствена пракса.

(3) Субјектите кои произведуваат преработена храна треба да воспоставуваат и да применуваат постапки кои се базираат на системско утврдување на клучните чекори во преработката со што обезбедуваат дека произведените преработени производи во секој момент се во согласност со овој закон и треба да:

а) спроведуваат мерки на претпазливост;

б) спровeдуваат соодветни мерки за чистење, да ја следат нивната ефикасност и да водат

евиденција за истите и

в) гарантираат дека на пазарот не се пласираат неоргански производи со ознака која упатува дека се органски произведени.

(4) Органските преработени производи, производите во преод и неорганските производи треба да се подготвуваат временски и просторно одвоени едни од други.

(5) Доколку во единицата за подготовка се подготвуваат или се складираат органските преработени производи, производите во преод или неорганските производи, во која било комбинација, субјектот е должен:

а) да го извести контролното тело;

б) да продолжи со непрекинато извршување на активностите до завршување на производната серија, просторно или временски одвоено од слични активности кои се извршуваат на било кој друг вид на производ (преработен органски производ, производ во преод или неоргански производи);

в) да ги складира преработените органски производи, производите во преод или неорганските производи, пред и после извршување на активностите, така што да се просторно или временски одвоени едни од други;

г) да води ажурирана евиденција за сите преземени активности, како и за количината на преработените производи, да ја чува и да ја става на располагање при вршење на контрола;

д) да преземе потребни мерки за да се обезбеди идентификација на серијата и за да се избегне мешање или меѓусебна замена на органски преработените производи, производите во преод или неорганските производи и

ѓ) да спроведува активности врз органски преработените производи, производите во преод или неорганските производи само после извршено соодветно чистење на опремата за производство.

(6) Не е дозволено да се користат производи, супстанции и техники со помош на кои повторно се воспоставуваат својства кои се изгубени во текот на преработката и складирањето на органска храна, кои ги отстрануваат последиците од небрежност во преработката на органска храна или кои на било кој друг начин може да доведат до заблуда за вистинската природа на производите наменети за пласман на пазарот како органска храна.

(7) Посебните барања за производство на органска преработена храна, како и употребата на одредени производи и супстанци при преработка на храната поблиску ги пропишува министерот.

Службен весник на РСМ бр.56/2026 од 17.03.2026 влегува во сила на 25.03.2026, ќе започне да се применува од 1 јануари 2027 година.

Може да ви се допадне

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Таг:законорганскопреработкасобрание
Претходен напис Сончогледот станува „побезбедна“ опција за земјоделците
Следен напис Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?