Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“
Агровести

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“

Објавено 03/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од средбата на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски.

Во тој контекст, како што информираат од УЈП, на средбата било договорено од страна на Управата да бидат организирани обуки кои ќе почнат од понеделник, со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата „Work and Travel“. 

Посочуваат дека ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите и врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео материјалите кои ќе бидат дистрибуирани до студентите ќе бидат изготвени од нивна страна.

-Студентите кои не извршиле поврат на данок врз основа на извршена работа преку програмата Work and Travel имаат можност да обезбедат потврда за резидентност од УЈП како би можеле да го остварат правото на поврат на задржаниот данок од странската земја (со која имаме склучено договор за одбегнување на двојно оданочување). Разговаравме и за можностите за олеснување на плаќање по доспевање на обврската, посочуваат од УЈП.

Претставниците на УСС – УКИМ презентирале идеја за формирање на работна група од нивна страна која би работела на законските измени кои се однесуваат на студентите во делот на доуредување на даночниот третман на доходот остварен преку програмата „Work and Travel“ и побарале поддршка од страна на УЈП.

-УЈП како сериозна институција даде поддршка на идни академски граѓани кои допрва ќе даваат сопствен придонес во градењето на здрав систем на однесување. УЈП ги информира сите даночни обврзници кои оствариле приходи од странство дека по завршување на законскиот рок за потврда или корекција на ДЛД-ГДП пријавата за 2025 година постои законски рок за плаќање на обврската за данок, а тоа е 30.06.2026 година, посочуваат од УЈП.

Покрај персонализирани пораки, УЈП информира дека има објавено информации на својата интранет страна во однос на оданочувањата од странство на следиве линкови:

Најчесто поставувани прашања кои се однесуваат на приходите од странство
http://ujp.gov.mk/mk/prasanja/category/2127
Соопштение на УЈП од 26.03.2026 година
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1222
Соопштение на УЈП од 31.03.2026 година
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1224
Меѓународни договори за одбегнување на двојно оданочување
http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/filter/0/md/0
Упатство за пополнување на електронска пресметка
https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:Work and TravelОбукипонеделникстудентитеујп
Претходен напис Консолидацијата на земјиштето во фокусот на денешниот настан во Стопанската комора
Следен напис Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Демир Хисар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?