Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.04.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.04.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.04.2026 година

Објавено 02/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатите денови под влијание на циклонска активност имавме повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите преминаа во снег и во некои од повисоките места.

Овие врнежи што паднаа се од големо значење за сите земјоделски култури и ќе допринесат за зголемување на влагата во почвата која е потребна за пролетната подготовка на почвата за садење на одредени култури. За стрнишните жита кај нас од суштинско значење се врнежите во периодот од почетокот на март до почетокот на јуни. Пченицата најголеми количини на вода троши во фазите вретенисување, класење, млечна зрелост. Фазата на вретенење се одвива во пролетниот период. Во почетокот на оваа фаза се оформуваат репродуктивните органи, од кој ќе зависи и плодоносењето, и затоа во оваа фаза растението мора да има доволно количество вода и хранливи материи. Токму поради тоа, овој дожд позитивно ќе се одрази врз есенската пченица. Останатите земјоделски култури се во интезивен развој. Кај некои видови на овошки како што е кајсијата, ова е период кога може да се прекалемува под кората, после цутењето, односно кога ќе почне да листа. Тоа е крајот на март и првата половина на април, притоа треба да се внимава да се создадат услови за тој процес. Прекалемувањето се врши во круната.

Исто така, поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата, може да се создадат поповолни услови за појава на растителни болести и штетници, па поради тоа потребно е преглед и контрола на посевите.

Влијанието на циклонска активност продолжува и во следните денови, денес ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе бидат од снег. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на нивните посеви, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да ги заштитат растенијата посебно овошните видови од појава и развој на болести и штетници, редовно да вршат следење на нивните посеви и други потребни агротехнички мерки.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2°C на повисоките места, до 8°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 9°C до 24°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:агрометеоролошка прогнозаСостојба
Претходен напис Се одржа првичен состанок за проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
Следен напис Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?